Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина, му порача премиерот на Филипче
    Политика

    Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина, му порача премиерот на Филипче

    27/09/20255 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Гледаме дека нашите противници повторно се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот. Најавуваат некакви „црвени линии“ за Бугарија, но во суштина знаеме што вредат и колку вредат и колку траат нивните декларации. Но она што уште не можам да разберам е на кого му праќаат сигнал? На кого се заложници? До кога ќе трае нивниот аранжман?  Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните“, рече Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека црвени линии вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволи да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, и какошто рече „ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.

    „Запрашајте се зошто пред избори оваа тема ја наметнуваат? Повторувам и не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Но нашиот народ покажал низ вековите дека е мудар, добро памети до пред само една година каква власт имаше СДСМ и ДУИ и што направи. Ги памети и оние траги-комични изјави за македонската жица која свири во душата на нивниот поранешен премиер и сегашен гуру, ги памети и изјавите дека Уставот нема да се менува и ветувањата кои ги даваше додека сите овие сега кои се во раководството му ракоплескаа. Сега таа иста екипа нуди резолуција која и самите знаеме дека и таква каква што е  нема да ја почитуваат. Но повторно го поставувам прашањето кој ги тера? За кого работат? До кога ќе им трае аранжманот“, праша Мицкоски.

    Тој додаде дека поради оваа ароганција и поради многу други работи опозициската СДСМ  мора жестоко да се казнат на овие избори, затоа што продолжуваат да го потценуваат сопствениот народ.

    „И сакаат повторно со триковите од пазарите од Горни Милановац да го прелажат и наместо сопствениот народ тие да имаат поинакви приоритети. Но, тоа нема да го дозволиме. Ние ќе стоиме рамо до рамо со народот затоа што нам не ни се важни фотелјите и немаме трговски зделки преку кои распродаваме идентитет и историја. Нам ни е битна Македонија, македонските црвени линии и македонските интереси! Затоа најпрво СДСМ нека направи саморефлексија, нека напише за почеток едно соопштение, и нека даде изјава со која ќе се извинат на македонскиот народ за предавствата кои ги направија, и ќе посочат за што точно и од кого се извинуваат, и нека се променат еднаш засекогаш. Тие за жал наместо да се променат пробуваат се обидуваат со истите трикови да се борат. Ќе ви кажам во суштина што е нивната борба“, рече Мицкоски.

    Toj оцени и дека опозициската СДСМ се бори заедно со Али Ахмети ДУИ и, како што вели, тоа е јасно како бел ден.

    „Се борат за да се вратат на власт да продолжат по старо, се борат за да и помогнат на Бугарија да ја матира Македонија, се борат за да се допаднат на сите освен на својот народ. Се борат за да го заштитат криминалот преку нивните обвинители и судии кои не процесуираа ниту една кривична пријава нив. Тие се борат за нивните лускузи, тие се борат за нивните раскошни домови, нивните украдени пари и нивните заложени и уценети глави. Тоа е тоа за што тие се борат, за друго ништо. Нив не ги интересираат ниту членовите на СДСМ, не ги интересираат граѓаните на Македонија. Овие, пак, од ДУИ кои што уште слепо го слушаат Али Ахмети, нив па, најмалку ги интересираат Албанците и останатите етнички заедници. Нив ги интересираат само кога треба да  ги злоупотребат и кога треба да гласаат за нив, а потоа со своето неработење и корупција придонесуваат истите да се иселат од државата, исто како што на измамнички начин повторно сакаат да им подметнат на македонците, буквално, со истите трикови“, потенцира Мицкоски во својот говор во Штип.

    Порача дека обврска на централната власт е да стои рамо до рамо со народот.

    „Нам не ни се важни фотелји, туку Македонија и нејзините интереси. И ќе истраеме во тоа“, вели Мицкоски.

    Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски се осврна и на глобалните предизвици и дека Европа се соочува со економски турбуленции, светот ги репреговара своите односи.

    „Тешко се живее во светот. Тешко се живее и во Европа. И тоа може да ви го каже секој нашинец кој отишол таму за подобар живот. Нашата обврска е да создадеме услови да се вратат, да создадеме верба и систем кој ќе функционираат рака под рака, да создадеме држава во која ќе има ред и ќе има можности. Но, тешката ситуација во светот е и шанса, државите кои ќе изградат капацитет и дома, ќе бидат победници утре. Државите кои ќе веруваат во себе и кои ќе имаат јасен план како во овие времиња, ќе успеат да фатат приклучок и да добијат она коешто го заслужуваат, а тоа е заслуженото место. Ние сакаме Македонија да е една од тие држави“, рече Мицкоски.

    На денешната промоција на кандидатите за градоначалници, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски рече дека новите програми за општините се подготвени од експерти, врз основа на идеи на граѓаните, со искуство од светот и најдобрите практики, како што кажав.

    „Во секој план има конкретни мерки и проекти. Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за клучните општински приоритети, од водоводи и канализации, до училишта, градинки, зелени зони, дигитални услуги, економски мерки за развој и раст“, порача Мицкоски.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Дал пари за возачка дозвола, откако не ја добил, пријавил во полиција дека е измамен

    Трамп потпиша закон со кој ќе се обврзе целосно објавување на документите за Епштајн

    Сo указ на претседателката Сиљановска се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.