Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка
    Македонија

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство, соопштија денеска оттаму. Се работи за случајот за кој објави „Слободен печат“, кога мајката на 21-годишната девојка Емилија, Бети Ангеловска од Битола, пријавила во полиција дека нејзината ќерка била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата, една и пол година трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање.

    Како што информираат во Обвинителството, обвинетиот на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи.

    „Обвинетиот во текот на постапката за прибирање докази беше обезбеден со мерка притвор, имајќи ги предвид ризиците тој да се обиде да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување. Притоа обвинителството ги ценеше информациите дека тој непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен. Сметајќи дека овие ризици и натаму постојат, јавниот обвинител со поднесеното обвинение му предложи на судот да ја продолжи притворската мерка.

    На вчерашната блокада пред Владата, пред присутните зборуваше мајката на Емилија, Бети, која раскажа за насилството низ кое поминала нејзината ќерка и за тоа дека во случајот нема институционална заштита. Ангеловска вчера побара Јавното обвинителство темелно да ги прегледа телефоните на нејзината ќерка, кои се одземени за вештачење.

    „Го молам министерот за внатрешни работи, го молам Јавното обвинителство. Телефоните се земени на вештачење, во нив има снимки, видеа, материјали на кои се гледа дека е претепана. Ме лазат морници при самата помисла на тие слики од моето девојче. Јас ја израснав сама, 21 година, нема да дозволам никој да ми го уништи девојчето“ рече Ангеловска.

    Поврзани вести

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    Цана: Тројца пациенти со западно-нилска треска се екстубирани, двајца се во критична состојба

    „Дедо мраз дојде со воз“: специјална новогодишна театарска претстава за деца на Железничка станица – Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.