Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор
    Македонија

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Куманово, поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик и предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор, соопшти Јавното обвинителство. 

    „Согласно зајакнатиот механизам за итна меѓуинституционална координација и постапување во предметите поврзани со семејно насилство, во конкретниот случај веќе се преземаат дејствија за обезбедување на доказите, особено имајќи предвид дека насилничкото однесување на осомничениот 54-годишник се повторува. Против него веќе е поднесено едно обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство под дејство на алкохол, кое е во фаза на судење. Дејствијата на загрозување на сигурноста што сега ги презел вклучуваат не само вербални закани дека ќе ги запали ќерката и внуката, туку и конкретни дејствија со кои тој истурил две шишиња бензин во домот“, информираат во Обвинителството.

    По пријавата на настанот итно била изготвена проценка на ризик која укажувала на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство и на ризик од повторување на насилството.

    „Овие проценки упатуваат на оправдан страв дека осомничениот би можел не само да ги повтори до сега сторените дела, туку дека би можел да стори и потешко дело, односно да го стори делото со кое се заканува. Поради ваквите околности јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга поблага мерка и предложи најстрога мерка за обезбедување присуство“, се додава во соопштението.

    Поврзани вести

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трамп најави разговори со Тајван за можна продажба на оружје, Кина категорично против

    Ристоска контра Савески: Лично го известив дека ако ги повлече овластувањата ќе дадам оставка

    ЕУ предлага формирање нова агенција за борба против руските дезинформации и ботови

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.