Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Забава»Неговата голема желба се оствари: познатиот актер го доби своето прво дете на 56-годишна возраст
    Забава

    Неговата голема желба се оствари: познатиот актер го доби своето прво дете на 56-годишна возраст

    20/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Џон Хем и Ана Осеола станаа родители, ексклузивно објави магазинот People.

    Актерот Џон Хем (55), ѕвездата на серијата Mad Men, и 38-годишната актерка Ана Осеола го добија своето прво заедничко дете – момче, потврдија извори ексклузивно за магазинот People.

    Претставниците на Џон Хем и Ана Осеола, наводно, не биле достапни за коментар.

    Во август, еден извор потврди дека парот го очекува своето прво заедничко дете. Два дена подоцна, друг извор откри дека Хем е „подготвен“ да стане татко.

    „Џон е неверојатно возбуден. Тоа е нешто што тој и Ана го посакуваа и за што се надеваа“, изјави извор за People. „Тој не размислува за својата возраст или за тоа што би можеле да кажат другите. Едноставно е многу среќен.“

    „Ана е прекрасна, а тој се чувствува многу среќен што основа семејство со неа.“

    Новите родители се запознале на снимањето на последната сезона од серијата Mad Men. Во февруари 2023 година, People потврди дека парот се свршил. Неколку месеци подоцна, во јуни, тие стапија во брак во Андерсон Кањон во Биг Сур, Калифорнија – на истото место каде што беше снимена завршницата на популарната серија.

    Во месецот кога се венчаа, Хем за The Hollywood Reporter зборуваше за можноста за проширување на семејството. Актерот, познат и по улогата во серијата Fargo, откри дека се надева оти неговиот брак со Осеола ќе биде „крунисан со деца“.

    Поврзани вести

    Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

    20/11/2026

    Сплит откажа концерт на Дино Мерлин, граѓаните бараа со парите за хонорарот да се купи ПЕТ скен уред

    20/11/2026

    Ново истражување: Употребата на мобилни телефони од родителите е поврзана со развојот на говорот кај децата

    20/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Папата Лав ги осуди условите за Палестинците во Газа во својата прва божиќна проповед

    Трамп во Давос ќе врши притисок за реализација на своите планови за освојување на Гренланд

    Мирно и без чекање се гласа во училиштето „Иднина“ во Чаир

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.