На едно четиричлено семејство во ноември му биле потребни 70.827 денари за покривање на основните месечни трошоци, покажува пресметката на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Во однос на октомври, синдикалната минимална кошничка е зголемена за 469 денари. Најголем трошок е храната и пијалаците, за кои се потребни 25.902 денари месечно.
За режиски трошоци се издвојуваат 6.379 денари, а за превоз 5.105 денари.
Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребната сума се зголемува на 86.202 денари месечно. Во оваа пресметка, трошоците за кирија, вода, струја и греење изнесуваат 21.754 денари.

