Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес

    14/11/2026

    АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

    14/11/2026

    Ел Нињо може да донесе екстремни горештини, епидемии и загаден воздух во 2027 година, предупредува Светската метеоролошка организација

    14/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
    Македонија

    АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

    14/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози. Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија.

    Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони.

    Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни.

    Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик – бенефит.

    „Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината“, објаснуваат од АХВ.

    Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни.

    Поврзани вести

    Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес

    14/11/2026

    Полицајците добиваат боди-камери со ВИ

    13/11/2026

    За 70 отсто зголемен бројот на пријави за семејно насилство, за десет месеци евидентирани 1.897 случаи

    13/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес

    14/11/2026

    АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

    14/11/2026

    Ел Нињо може да донесе екстремни горештини, епидемии и загаден воздух во 2027 година, предупредува Светската метеоролошка организација

    14/11/2026

    (Видео) Купил стара камена куќа во Шпанија за 3.000 евра, а под подот открил монета стара речиси три века

    14/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Итен состанок на амбасадорите на ЕУ по заканата на Трамп со царини поради Гренланд

    Во Драч самит на иницијативата Брдо-Бриони

    Западот се готви за одбрана од можна руска агресија, а не за одбрана на некаков нацизам

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.