Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик
    Македонија

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/20266 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонија нема постигнато напредок во спречувањето и борбата против корупцијата, која и понатаму е широко распространета и е една од најзагрижувачките прашања во земјата. Извештајот на Европската Комисија за 2026 година оценува дека земјата има одредено до умерено ниво на подготвеност во оваа област, но нагласува дека резултатите во борбата против корупцијата и понатаму се недоволни, особено во случаите со високи функционери, пишува Порталб.мк.
    Според извештајот, случаите на корупција на високо ниво и натаму се одолговлекуваат низ судските постапки и често завршуваат со застарување, засилувајќи ја така перцепцијата за неказнивост. Иако се отворени истраги за злоупотреба на јавни средства и други форми на корупција, истражните напори не се преточуваат во конкретни судски епилози и конфискација на нелегално стекнатиот имот.
    „Македонија се наоѓа меѓу одредено и умерено ниво на подготвеност во борбата против корупцијата и нема забележано напредок во нејзино спречување и борба. Корупцијата и натаму е распространета појава и претставува сериозно загрижувачко прашање“, се вели во извештајот.

    Во извештајот се споменуваат неколку случаи за кои беа поднесени обвиненија, вклучително и случајот против директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исто така, се споменува и поранешниот вицепремиер, против кого беше издадена меѓународна потерница и кој се врати во земјата и му се суди за обвиненија поврзани со корупција, злоупотреба на службената положба и непочитување на законите за јавни набавки.
    „Резултатите во борбата против корупцијата останале непроменети како во случаите на корупција на високо ниво, така и во оние на пониско ниво. Иницирани се различни истраги за корупција кои се однесуваат на злоупотреба на јавни средства и други форми на корупција. Некои од истрагите доведоа до поднесување на обвиненија, како што е случајот со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и  руралниот развој. Еден поранешен вицепремиер, против кој беше издадена меѓународна потерница, се врати во земјата, е ставен во куќен притвор и му се суди за обвиненија поврзани со корупција, злоупотреба на службената положба и прекршување на законите за јавни набавки. Меѓутоа, и понатаму постојат значителни системски предизвици за преточување на истражните напори во конкретни судски резултати, особено во однос на ефективните судски постапки и враќањето на имотот“, се вели во извештајот.
    Европската комисија оценува дека билансот на случаите на корупција останал непроменет, како кај случаите од високо ниво, така и кај оние од пониско ниво. Податоците претставени во извештајот покажуваат дека во 2025 година биле регистрирани 54 нови истраги за корупција на високо ниво, наспроти 22 во 2024 година. Меѓутоа, бројот на обвиненија опаднал од 40 во 2024 на 29 во 2025 година. Во истата година биле регистрирани 17 судски пресуди и 12 правосилни казни. Што се однесува до случаите на корупција на пониско ниво во 2025 година биле регистрирани 131 нови истраги и 126 обвиненија. Меѓутоа, податоците покажуваат дека биле изречени само седум правосилни пресуди, додека биле регистрирани 39 правосилни судски одлуки.
    Една од главните загрижености на Европската комисија се однесува на честите измени на Кривичниот законик. Според извештајот, Законот бил изменет три пати во рок од три години, со што се отвораат прашања за правната сигурност. Измените од јануари 2026 година за злоупотребата на службената положба и здружувањето за вршење кривични дела не ги адресирале во доволна мера последиците од измените од 2023 година. Иако е вратена одредбата за злоупотреба на службената положба во јавните набавки, таа има потесен опсег отколку претходната одредба и опфаќа само две основи на кривичното дело.
    „Измените од месец јануари 2026 година на Кривичниот законик кои се однесуваат на злоупотребата на службената положба не ги корегрираат негативните последици од измените од 2023 година. Вратена е посебна одредба за злоупотреба на службената положба во јавните набавки, но со многу потесен опсег отколку оној што го имаше пред 2023 година. Кривичното дело опфаќа само две основи, што е премногу ограничено за да се третираат други сериозни процедурални манипулации за време на процесот на тендерирање и затоа треба да се прошири. Измените исто така не го адресираат во доволна мера влијанието на измените од 2023 година врз роковите за застарување“, се нагласува во извештајот.

    Извештајот исто така нагласува дека квалитетот на обвиненијата, администрирањето на доказите и образложението на пресудите остануваат слаби и некозистентни. Недостигот на човечки и финансиски ресурси, како и судските одолговлекувања го попречуваат воспоставувањето на одржлив биланс на случаи на корупција, вклучително и случаите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
    Проблеми се евидентирани и во работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Според Европската комисија институцијата се соочува со недостиг на ресурси и техничка експертиза, што го ограничува надзорот врз финансирањето на политичките кампањи и верификацијата на анкетните листови за имотната состојба. Извештајот бара Комисијата да биде попроактивна во идентификувањето на можните случаи на злоупотреби.
    „Капацитетот на Државната комисија за спречување на корупцијата за ефикасен надзор врз финансирањето на политичките кампањи и понатаму е попречен од ограничените ресурси, недоволната техничка експертиза и недостатоците и недоследностите во правната рамка. Ова го опфаќа и недостигот на јасно дефинирање на институционалните одговорности во однос на тоа која институција треба да покрене постапки или да изрече санкции, како што повеќепати нагласиле и од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР)“, се вели во извештајот.
    Недоследности се констатирани и во спроведувањето на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за лобирање и за заштита на укажувачите. Некои јавни институции одбиваат или доцнат со давањето на информации од произволни причини, а во Регистарот на лобирање се евидентирани само еден лобист и три организации за лобирање. Законот за заштита на укажувачите сè уште не е усогласен со законодавството на ЕУ и не обезбедува доволни механизми за негово спроведување.

    Лицата кои пријавуваат неправилности може да се соочат со вознемирување и отказ од
    работа.
    За следната година, Европската комисија препорачува донесување на нов Кривичен законик и нов Закон за кривична постапка, во согласност со меѓународните стандарди и законодавството на ЕУ. Исто така се бара подобрување на резултатите во случаите на корупција на високо ниво преку навремени истраги и кривични гонења, правосилни пресуди и конфискација на имотот стекнат со криминална активност.
    Комисијата бара и зголемување на човечките и финансиските ресурси за Јавното обвинителство, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, како и за Државната комисија за спречување на корупцијата. Остануваат во сила препораките од минатогодишниот извештај кои не беа спроведени.

    Поврзани вести

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026

    „Уште колку имиња треба да научиме за институциите да преземат одговорност?“ – Масовен протест во Скопје против фемицидот

    08/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Протест за минимална плата: СДСМ поддржува 600 евра, ВМРО-ДПМНЕ критикува и предлага дијалог

    Лажен лекар измамил 72-годишна штипјанка за 2.600 евра

    Мицкоски: Големо признание од Советот на Европа за нивото на демократија во Македонија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.