Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ
    Македонија

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски е нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Досегашниот директор Арбен Бени Шаќири вели дека поднел оставка на оваа фукција од лични причини, но заминува во кабинетотот на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на позиција советник за култура.

    „Ја користам оваа прилика да ве известам дека повеќе нема да ја вршам функцијата директор на Младински културен центар (МКЦ) Скопје со што поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски од лични причини. Сепак, на предлог на градоначалникот Ѓорѓиевски останувам како дел од неговиот кабинет на позиција советник за култура, со што ќе се обидам од еден друг аспект да придонесам за унапредување и развој на културата во градот Скопје. За нов директор на МКЦ доаѓа Димче Арсовски на кого му посакувам да биде успешен и трпелив и верувам дека, како млад човек, ќе даде максимум од себе, за да се справи со сите тешкотии со кои културата воопшто се соочува изминативе години“, напиша Шаќири на Фејсбук.

    Промената на директорската функција во Младинскиот културен центар (МКЦ) повторно го отвора прашањето за управувањето со една од најзначајните институции за младинската и независната културна сцена во Скопје.

    Сепак, кадровските промени во МКЦ не се изолиран случај, туку дел од подолга низа случувања што во изминатите години ја ставија институцијата во центарот на јавните реакции.

    Уште во 2023 година, смената на тогашниот директор Ванчо Богоев и назначувањето на Никола Алексов предизвикаа незадоволство кај дел од културната јавност. Следуваа реакции, петиции и протести под мотото „Културата е скапа, некултурата поскапа“, а иницијативата „Сите за МКЦ“ се спротивстави на одлуките што, според нејзините поддржувачи, ја загрозуваа независноста на Центарот.

    Во јануари 2024 година, на директорската позиција дојде музичарот Бени Шаќири, кој претходно беше кандидат за градоначалник на Скопје на локалните избори во 2021 година. Неговото назначување, исто така, беше проследено со контроверзии, вклучително и обвинувања за притисоци во процесот што му претходеше.

    Во периодот потоа, МКЦ продолжи да се соочува со проблеми што ја надминуваат промената на директорите. Неисплатени обврски кон компании и организатори на настани, долгови за комунални услуги и доцнења со исплатите на хонорарците се дел од состојбите за кои известуваа медиумите.

    Промените се одразија и врз програмата и културниот живот на институцијата. Затворањето на продавницата за плочи и сувенири „Ап(о)тека“, прекинот на работата на одредени содржини и повлекувањето на фестивали од МКЦ беа меѓу настаните што поттикнаа загриженост за насоката во која се движи Центарот.

    Сега, со доаѓањето на Арсовски, останува отворено прашањето дали новото раководство ќе успее да ги надмине наталожените финансиски и организациски проблеми и да ја врати довербата на културната јавност. Особено внимание ќе биде потребно за обновување на програмата и односите со независната сцена, која со години го смета МКЦ за важен простор за творештво и културна размена.

    Поврзани вести

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    „Уште колку имиња треба да научиме за институциите да преземат одговорност?“ – Масовен протест во Скопје против фемицидот

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ДИК ги измеша бројките за Брвеница, ја признаа грешката по реакциите на „Порталб“

    Новиот парламент на Косово ја одобри владата на Албин Курти, надмината едногодишната политичка блокада

    Муцунски на министерскиoт состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.