Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

    10/10/2026

    Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

    10/10/2026

    Три хороскопски знаци влегуваат во најдобрата деценија од животот: годините што доаѓаат ќе им донесат успех и мир

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ПЕТ центарот ќе работи и за викенди и за празници за да се намалат листите на чекање
    Македонија

    ПЕТ центарот ќе работи и за викенди и за празници за да се намалат листите на чекање

    09/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Почнувајќи од овој продолжен викенд, а потоа и во наредните викенди и за празници, ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите, уверуваат во Министерството за здравство. ПЕТ/КТ скенерот не работеше со месеци што беше причина пациентите, посебно онколошките, да не можат да ги направат потребните снимки.
    „ПЕТ центарот продолжува со работа и во викендите, за да се намали листата на чекање и дијагностиката да им биде побрзо достапна на тие на кои им е најпотребна. Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините“, изјави директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска.
    Мета неоадмна пишуваше дека онколошки пациенти со месеци не можат да го направат контролното ПЕТ/КТ снимање од кое зависи процената дали нивната терапија делува и како треба да продолжи лекувањето. Дел од нив се принудени да бараат решение во странство или во приватните болници, каде што едно снимање чини околу 1.300 евра.

    Истовремено, од здружението „Хема Онко“ денеска пред Министерството за здравство повторно алармираа за прекини во снабдувањето со онколошки лекови и предупредија дека ќе протестираат доколку не се утврди каде и кај кого настануваат застојот и одговорноста.

    Онколошка пациентка, чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата, за Мета кажа дека ПЕТ/КТ скенерот не работи два до три месеци. Во еден период апаратот бил повторно ставен во функција, но само неколку дена, по што снимањата повторно запреле.

    „Докторот ме советуваше да не чекам бидејќи сигурно ќе треба да поминат уште неколку месеци. Затоа одлучив снимањето да го направам во странство. По неколку месеци терапија требаше да направам пауза за да видиме каква е состојбата и како да продолжиме, но за тоа е потребно ново снимање. Еве, веќе трет месец не можам да го направам“, вели пациентката.

    Таа објаснува дека без резултатите лекарот не може да процени дали терапијата дала резултат и дали треба да продолжи, да се прекине или да се промени.

    И самиот УИ ПЕТ на својата официјална веб-страница, која патем редиректира кон сомнителни содржини на интернет, наведува дека ПЕТ/КТ снимањата се користат за одредување на стадиумот на болеста, планирање радиотерапија или хемотерапија, следење на ефектите од применетата терапија и откривање рецидив.

    Мета тогаш се обрати до надлежните, од каде што добивме одговор дека се работело за проблем во производството на радиоизотопи.

    „Овластениот сервисер интензивно работи на овој проблем и превземени се сите чекори што поскоро циклотронот да се стави во работен процес. Воедно појаснуваме дека во изминатите години не бил следен протоколот за превентивно одржување на дифузионата пумпа, нејзино чистење и замена на маслото на секои 5 години“, рекоа тогаш оттаму.

    Поврзани вести

    Од понеделник почнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид

    09/10/2026

    Скопјани почнаа да дишат загаден воздух и пред почетокот на грејната сезона

    09/10/2026

    Владата пресмета 10.000 денари поевтина потрошувачка кошничка од синдикатот

    09/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

    10/10/2026

    Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

    10/10/2026

    Три хороскопски знаци влегуваат во најдобрата деценија од животот: годините што доаѓаат ќе им донесат успех и мир

    09/10/2026

    (Фото/Видео) Добро погледнете ги вашите стари плакари: Џиџи Хадид оживеа еден заборавен тренд од 2000-тите

    09/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ПЕТ-скенерот сè уште е расипан, нема информации кога онколошките пациенти ќе може да се снимаат

    Контроверзите на македонската дипломатија при гласањата во ОН

    Шкендија во мисија – Марко Ѓорѓиевски!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.