Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица
    Македонија

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против шест лица, и тоа Т.С., вработена во МВР на работно место „помлад советник за патни исправи“ во Одделението за управни работи Скопје при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „фалсификување исправа“ согласно член 378 од Кривичниот законик, како и против Б.А., С.Н., Ј.А., М.А. и Ф.А. поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „фалсификување исправа“ во соизвршителство согласно член 378 во врска со член 22 од КЗ и едно кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ согласно член 380 од КЗ.

    Првопријавената Т.С., во периодот од почетокот на 2025 година, па се до 24.08.2026 со намера да направи лажна исправа како вистинска, во постапките за издавање на возачки дозволи за четири од пријавените лица С.Н., Ј.А., М.А. и Ф.А., искористувајќи ја својата шифра, во електронскиот систем незаконски извршила промена, односно додавање на возачки категории за кои наведените лица не ги исполнувале законски пропишаните услови за нивно стекнување, извршила одобрување на барањата и издавање на возачките дозволи.

    Второпријавениот Б.А. во содејство и договор со првопријавената преку остварување на комуникација, со умисла посредувал во постапките за фалсификување возачки дозволи за пријавените лица М.А. и Ф.А., иако знаел дека наведените лица не ги исполнувале законски пропишаните услови за нивно стекнување.

    Останатите четири пријавени лица, иако знаеле дека не ги исполнуваат законски предвидените услови за стекнување на возачка дозвола за конкретна категорија, ги започнале постапките за добивање на возачка дозвола со поднесување на барања, кои потоа од страна на првопријавената биле изменети со додавање на категории за кои пријавените не ги исполнувале законските услови за нивно стекнување. Дополнително, едно од овие лица, ја искористило возачката дозвола со незаконски додадена „А“ категорија и управувајќи мотоцикл ја преминал државната граница, односно ја употребил исправата со невистинита содржина во правниот сообраќај, иако знаел дека истата е со невистинита содржина.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Т.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. По претходно поднесена кривична пријава против Т.С., Одделот веќе има изречено задолжителна мерка отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Брутално семејно насилство во Скопје, ја удирал партнерката пред четиригодишната ќерка

    Албанскиот премиер Рама не се откажува од луксузниот комплекс на зетот на Трамп и покрај протестите за заштита на природата

    Објавен конкурс за нови композиции фестивал „Бисер на Јадранот“ 2026 – повик за пејачи, автори од Македонија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.