Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кралот Чарлс го разјасни статусот на принцот Хари и Меган по нивното враќање во Британија

    08/09/2026

    (Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

    07/09/2026

    Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци

    07/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»56 случаи на западно-нилска треска се евидентирани годинава, шестмина починале
    Македонија

    56 случаи на западно-нилска треска се евидентирани годинава, шестмина починале

    04/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од почетокот на годинава досега се регистрирани 56 случаи на западно-нилска треска во Македонија, што е повеќе отколку вкупно во периодот од 2011 до 2025 година. Најпогоден е скопскиот регион, а најголем број случаи се регистрирани во Кисела Вода и Гази Баба, пишува во последниот извештај за западно-нилска треска во земјава, што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Од вкупниот број случаи, 52 се потврдени, а четири се водат како веројатни, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје. 54 од заболените се жители на Скопје, а по еден случај е регистриран во Велес и во Куманово. Од вкупниот број, 55 се автохтони случаи, а еден пациент имал историја на патување во Грција, но инкубацискиот период опфаќа и престој во Македонија.

    Најголем дел од заболените се мажи – 44 лица, односно 78,7 проценти, а 12 се жени. Болеста ги погодува повозрасните. Дури 45 од случаите се лица постари од 60 години. Седум заболени се на возраст од 50 до 59 години, тројца се на возраст од 20 до 29, а еден е на возраст од 30 до 39 години. Просечната возраст на заболените е 65,8 години.

    Најголем број случаи се појавиле во текот на летото. Кај 36 лица, односно 64,3 проценти од заболените, почетокот на симптомите бил во август. Седумнаесет случаи имале почеток на симптомите во јули, два во јуни, а првиот случај годинава е регистриран со почеток на симптомите на 12 мај.

    Од 56 случаи, 54 развиле невроинвазивна форма на болеста и сите биле хоспитализирани. 53 пациенти биле лекувани на Инфективната клиника, а еден пациент во „Аџибадем Систина“.

    Сите шест починати пациенти биле мажи, а нивната просечна возраст била 73,2 години. Леталитетот кај регистрираните потврдени случаи изнесува 10,7 проценти.

    На 11 август ЦЈЗ Скопје пријавил епидемија на западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и во Бутел.  Според епидемиолошката анализа на ИЈЗ, најголем број случаи се регистрирани во Кисела Вода, посебно во подрачјето на Драчево, како и во Гази Баба, со концентрација во руралните средини.

     Болеста за првпат во Македонија е регистрирана во 2011 година. Оттогаш до крајот на 2025 година биле регистрирани вкупно 54 лабораториски потврдени случаи и пет смртни случаи поврзани со болеста. Само во 2026 година, до 1 септември, се регистрирани 56 случаи, што е повеќе одошто во целиот период од 2011 до 2025 година. Од вкупно 110 случаи регистрирани во Македонија од 2011 година досега, дури 50,9 проценти се регистрирани само годинава.

    Во однос на превенцијата, ИЈЗ препорачува засилена едукација на населението за начините на пренесување на вирусот и мерките за лична заштита од убоди од комарци. Подготвени се информативни материјали за вектор-преносливите болести, вклучително и западно-нилската треска, како и флаер со мерки за заштита од комарци.

    На здравствените работници им се препорачува да бидат внимателни при дијагностицирањето на пациенти со симптоми кои може да упатуваат на невроинвазивна форма на болеста, како енцефалитис, асептичен менингитис, акутна флакцидна парализа или треска со неодредена етиологија.

    Од ИЈЗ препорачуваат и лабораториско тестирање на сомнителните случаи, како и секојдневна комуникација со лабораториите што вршат тестирање за западно-нилска треска.

    Граѓаните, пак, се советуваат да ги отстрануваат местата каде што може да се задржува вода и да се размножуваат комарците – отворени садови, саксии, буриња, канти и стари гуми, редовно да ги чистат олуците и да ги одржуваат базените, фонтаните и другите водни површини.

    Од ИЈЗ посочуваат дека циркулацијата на вирусот и неговата географска распространетост не можат однапред да се предвидат, поради што мерките за лична заштита од комарци се препорачуваат во текот на целиот период на нивна активност.

    Поврзани вести

    Дизелот поскапува за шест, а бензините за три денари за литар

    07/09/2026

    Македонија ќе учествува во генетското пребројување на кафеавата мечка

    07/09/2026

    Лишено од слобода лице кое барало 1.500 евра за посредување при вработување

    06/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Кралот Чарлс го разјасни статусот на принцот Хари и Меган по нивното враќање во Британија

    08/09/2026

    (Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

    07/09/2026

    Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци

    07/09/2026

    Гаши по повод 8 Септември: Државата не се гради со еден акт, туку секој ден со институции, доверба и одговорност

    07/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо

    Сиљановска – Давкова на „Блесок 26“: ЕУ да ги почитува своите Копенхагеншки критериуми, како што НАТО ги почитува сопствените стандарди

    Минчев: Новата ИТ-алатка е системска промена во начинот на планирање, спроведување и следење на јавните политики

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.