Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Д-р Лазов: Наместо со пријави да бараат виновници, од СДСМ нека одговорат што направиле кога биле надлежни
    Македонија

    Д-р Лазов: Наместо со пријави да бараат виновници, од СДСМ нека одговорат што направиле кога биле надлежни

    10/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име.

    „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување“, вели д-р Лазов во својата реакција на социјалните мрежи по повод пријавата.

    Во неговата објава, тој уште пишува дека наместо со кривични пријави да бараат виновници на прес-конференции, СДСМ најпрво треба да даде одговори што направиле тие додека биле надлежни, какви мерки преземале и што пропуштиле да преземат во однос на долгогодишниот проблем со водата во Гостивар.

    „Најлесно е денес да се впери прст кон други. Многу потешко е да се погледне сопственото постапување од времето кога ја имавте одговорноста и институциите во свои раце. Ваквите политички маневри нема да го променат мојот пристап. Продолжувам со професионална, одговорна и законита работа, исклучиво во рамките на надлежностите на ДСЗИ. Секоја одлука и секое постапување во рамките на моите надлежности е достапно за проверка од надлежните институции. Институциите нека постапуваат, а фактите нека зборуваат. Нема да дозволам дневно политичките пресметки да го нарушат достоинството на ДСЗИ, ниту угледот на професионалците кои чесно, посветено и одговорно ја извршуваат својата работа. Продолжувам со крената глава, чиста совест и уште поголема посветеност на работата“, напиша д-р Лазов во реакцијата.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ако Чаби Алонсо добие отказ, тогаш ќе добие и 30 милиони евра од Реал Мадрид!

    Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

    Сите добитници на наградите Греми за 2026 година

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.