Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Гран при за претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ и награда за главна женска улога за Маја Љутков на фестивалот „Златен лав“
    Култура

    Гран при за претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ и награда за главна женска улога за Маја Љутков на фестивалот „Златен лав“

    30/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија и Перипетија продукција, го доби Гран при – највисокото признание на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг – еден од најзначајните фестивали посветени на камерниот театар во регионот. На истото издание, актерката Маја Љутков беше наградена за главна женска улога за својата изведба на ликот на Анна.

    Во образложението за наградата за главна женска улога, жирито наведува:
    „Актерката Маја Љутков една од најтешките улоги на класичното писмо, Толстоевата Ана Каренина, ја изнесе суверено, модерно и длабоко промислено, претворајќи ја Анна во икона на модерното општество со која не е тешко да се поистоветиме. Лакот од несреќна, но цврсто вкоренета жена, до жена која губи сè поради љубовта, Маја Љутков го поминува навидум без напор, исцртувајќи ја судбината на жена која избира да има избор и со самото тоа плаќа висока цена за својата одлука. Оставајќи го отворено прашањето дали слободата е навистина можна или бегството станува нов вид затвор, како пред 150 години така и денес, зашто суштински ништо значајно не се променило – само модата и комуникациските канали.“

    Во образложението за Гран при, жирито истакнува:
    „Наградата се доделува на силната и потресна драма која остава длабок емоционален траг и која го поставува прашањето во каков свет живееме. Брутално и искрено, современата адаптација на Толстоевата класика „Ана Каренина“ ги прикажува семејните проблеми и играта на моќ која тежиштето го префрла од конзервативното аристократско општество, во кое репутацијата е сè, кон социјалните мрежи и кршливиот инфлуенсерски свет, во кој репутацијата е сè. Каналите на комуникација и модата се поинакви, но и понатаму владеат хејтери, исто како и пред 150 години кога Толстој ја напишал сагата за жената која, поднесувајќи голема жртва, се бори за својата слобода. „Анна“ се темели на оригиналниот текст на Драгана Лукан Николоски, во кој режисерката Нина Николиќ суптилно ги водела актерите до трагичниот, но неизбежен крај. Во тој внимателно осмислен простор создаден е свет низ кој публиката можеше да ја почувствува приказната. Длабоко и вознемирувачки, а сепак толку секојдневно.“

    По успешното гостување во Умаг, следната фестивалска изведба на претставата „Анна“ е закажана на Меѓународниот фестивал на камерна драма „Ристо Шишков“ во Струмица. Публиката ќе може да ја погледне претставата на редовниот репертоар на Театар Комедија, а следната изведба е закажана за 23 септември 2026 година.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Дамјан Стојановски испиша историја во Купот на Македонија

    Потпишан Меморандум за културна соработка меѓу загребскиот Музеј за ументости и занаети и Националната галерија на Македонија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.