Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Подарок за публиката: Слушнете кои 16 песни на Фолтин добија преработки

    13/10/2026

    Нова работа или унапредување? Овие два знака влегуваат во важен период во кариерата

    13/10/2026

    (Фото) Веќе нема никаков сомнеж – да се биде без горниот дел од облеката е нејзиниот заштитен знак: „Ова е навистина жешко“

    12/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»АНАЛИЗА: “Внатрешниот“ долг на државата се доближи до 700 милиони евра
    Македонија

    АНАЛИЗА: “Внатрешниот“ долг на државата се доближи до 700 милиони евра

    25/08/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    И на квартално и на годишно ниво, пораст на “внатрешниот “ долг на државата, на крајот на првото економско полугодие доспеаните а неплатени обврски на државата, на централно и на локално ниво, се приближија до 700 000 000 еврa, пишува Порталб.мк. Според податоците од новата “должничка“ листа на Министерството за финансии , државните железнички компании го зголемиле а државните енергетски компании го намалиле долгот.

    Долгот кон приватниот сектор, невладините и граѓанските организации надмина 315 000 000 евра

    Пораст на доспеаните а неплатени обврски кон јавниот сектор и кон приватниот сектор, здруженијата на граѓани и невладините организации, новите податоци за состојбата со внатрешните обврски покажуваат дека на крајот од јуни годинава се тие се зголемени и во однос на првиот квартал и во однос на истиот период лани. Намалување на должничкиот износ има кон странство и кон физички лица.

    На крајот од јуни доспеаните обврски достигнаа  692 523 113 евра и според пресметката на “Порталб“, за шест месеци или во однос на крајот на декември 2025 та, тие се зголемени за 26 370 000 евра. Пораст на доспеаните а неплатени обврски има и на квартално ниво, за дури 17 550 000 евра додека пак во однос на лани истиот период долговите се зголемени за скоро 3 000 000 евра.

    Доспеани а неплатени обврски

    Јуни 2026                    692 523 113 евра

    Март 2026                   674 979 750 евра

    Декември 2025           665 803 009 евра

    Јуни 2025                    689 677 466 евра

    Извор : МФ

    Доспеаните а неплатени обврски кон јавниот сектор достигнаа 344 502 000 евра и во однос на состојбата со крајот на минатата година, тие се зголемени за околу 15 000 000 евра. На второ место се обврските кон приватниот сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации, во износ од речиси 315 200 000 евра и овој долг за шест месеци е зголемен за 20 300 000 евра.

    Доспеани а неплатени обврски

    Јуни 2026              Март 2026

    Кон јавен сектор                                    344 501 982 е      329 057 229 е

    Кон приватен и граѓански сектор         315,178,243 е      294 884 695 е

    Кон физички лица                                     3 031 000 е          8 814 912 е

    Кон странство                                          29 811 987 е         33 046 172 е

    Извор : МФ

    Долговите на државата кон физички лица на крајот од вториот квартал изнесувале нешто над 3 000 000  евра и во однос на крајот на декември има намалување. Во анализираниот период, намалување има и на доспеаните а неплатени обврски кон странство, кои на крајот на јуни изнесувале скоро 30 000 000 евра.

    На новата должничка писта и натаму “првите пет места“ се “резервирани“ за двете железнички компании, за двете енергетски државни фирми и за ЈУ од областа на здравството за потребите на здравствените институции. Споредбената анализа на “Порталб“ покажува дека на квартално ниво државните железнички компании го “набилдале“ долгот, додека доспеаните а неплатени обврски на  енергетските фирми се намалени.

    МЖ Инфраструктура                              91 400 000 евра

    МЖ Транспорт                                        79 857 530 евра

    ЈУ од областа на здравството               34 977 862 евра

    ЕСМ производство                                33 818 673 евра

    ЕСМ дистрибуција                                 29 715 403 евра

    Извор: МФ

    Конкретно, на прво место со долг кој достигна скоро 91 400 000 евра е МЖ Инфраструктура а на второ е МЖ Транспорт со доспеани а неплатени обврски во износ од речиси 80 000 000 евра, или долгот само на овие две фирми под државна контрола надмина 171 000 000 евра. На трето место со доспеани а неплатени обврски е ЈУ од областа на здравството ( заедничката служба за потребите на здравствените институции) со долг од скоро 35 000 000 евра. ЕСМ – за производство на струја има обврски во износ од 33 900 000 евра а ЕСМ – дистрибуција скоро 30 000 000 евра. На новата листа на Министерството за финансии се наоѓаат  903 државни институции, агенции, комисии, општини, државни фирми, локални и градски јавни претпријатија, училишта , болници, институции од социјалната заштита и културата , судови, факултети, обвинителства, министерства, кои пријавиле дека имаат доспеани а неплатени обврски.

    Поврзани вести

    Суспендирани шест полициски службеници за употреба на прекумерна сила во случајот за насилство врз двете момчиња

    11/10/2026

    Лишено од слобода лице од Босна и Херцеговина кој возел 164 километри на час на место каде дозволената брзина е 80

    11/10/2026

    Македонија го одбележува 11 Октомври, денот на народното востание против фашизмот

    11/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Подарок за публиката: Слушнете кои 16 песни на Фолтин добија преработки

    13/10/2026

    Нова работа или унапредување? Овие два знака влегуваат во важен период во кариерата

    13/10/2026

    (Фото) Веќе нема никаков сомнеж – да се биде без горниот дел од облеката е нејзиниот заштитен знак: „Ова е навистина жешко“

    12/10/2026

    (Фото) Дојде без градник и веднаш предизвика бура: Црната боја никогаш не била толку секси

    12/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    СДСМ: Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата

    Професор Димитар Гелев: Универзитетот не е демократија, туку хиерархија

    Трамп се заканува дека ќе го намали бројот на војници во Германија поради спорот со сојузниците од НАТО

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.