Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Џада Пинкет Смит ја покажа својата луксузна вила само неколку дена по пожарот

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Томовски: На граѓаните на Гостивар им беше обезбедувана вода во континуитет
    Македонија

    Томовски: На граѓаните на Гостивар им беше обезбедувана вода во континуитет

    20/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во гостувањето на Канал 5, Томовски напомена дека Владата интервенирала веднаш.

    „Од првиот ден почнавме да носиме минимум по два шлепери вода на ден. Тоа се околу 50 до 70 тони вода за пиење. Направивме, по задолжение на Влада, тендерска постапка, која беше критикувана во јавноста и тука сакам да потенцирам дека ние 1,5 литар шише вода го добивавме по 12 денари со вклучен ДДВ, вода која граѓаните можат да ја купат во продавница за 25 до 30 денари, а најниската цена од компанијата што го доби тендерот, станува збор за „Кожувчанка“, е 21 денар. Во постапката се вклучи и Митко Јанчев, кој партиципираше за помош на граѓаните во Гостивар. Затоа ја добиваме таа ниска цена“, објасни директорот.

    Според него, имало денови кога се носеле и повеќе од два шлепера вода.

    „Во континуитет доставувавме по два шлепери, но некогаш имаше и одредени поголеми количини, бидејќи други компании донираа дополнителни количини вода. Мислам дека ги покривме целосно граѓаните и дека беше доволно, зашто веќе кон крајот, како завршуваа деновите, дел од граѓаните имаа обезбедено и поголеми количини вода во своите домови“, рече Томовски.

    На прашањето колку државава е подготвена финансиски за вакви ситуации, одговори дека тоа зависи од буџетот.

    „Ова не беше прв случај во кој Службата за општи и заеднички работи и Владата излегуваат во пресрет. Да го спомнам и немилиот настан во Кочани, каде што целосно покривме транспорт на луѓето, блиските до семејствата на повредените кои беа на лекување во странство и тогаш се потрошија околу 30 милиони денари“, информира директорот на СОЗР.

    Поврзани вести

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Околу 2,2 милиони евра незаконски наплатени од фирмите за брзи кредити ќе им се вратат на граѓаните

    26/11/2026

    МПЦ – ОА го осуди насилството врз жените и фемицидот, најави обука на свештенството

    26/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Џада Пинкет Смит ја покажа својата луксузна вила само неколку дена по пожарот

    27/11/2026

    Родителите често ги прават овие пет грешки без да сфатат дека им нанесуваат штета на своите деца

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Честитки по повод независноста од Сиљановска-Давкова, Шасивари и Минчев

    „Шаоми“ претстави повеќе новитети од ерата на вештачката интелигенција

    Kaсами вели дека не ги дели ставовите на кандидатот на Вреди за Брвеница

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.