Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Честитки по повод независноста од Сиљановска-Давкова, Шасивари и Минчев
    Македонија

    Честитки по повод независноста од Сиљановска-Давкова, Шасивари и Минчев

    08/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    По повод 8 Септември, денот на независноста на С. Македонија, повеќе функционери и партии упатија честитки до граѓаните, потсетувајќи на историското значење на референдумот од 1991 година и повикувајќи на заедничка работа за иднината на државата. На платото на Вила Водно се одржа панел-дискусија, насловена како  „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

    Сиљановска-Давкова ги истакна улогата и заслугата на првиот пратенички состав, на експертската влада, но и на искусните и умерени политичари – Киро Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев и Абдурахман Алити, кои, со знаење, мудрост и државничка одговорност овозможија осамостојување по мирен пат во време на крвав распад на Југославија.

    „Високата излезност и огромната поддршка, им даваат плебисцитарен карактер и демократски легитимитет на осамостојувањето и независноста“, кажа таа на дебатата.

    Честитка стаса и од министерот за јавна администрација, Горан Минчев кој кажа дека  пред 35 години, македонскиот народ одлучил сам да ја гради својата иднина.
    „Оттогаш до денеска многу генерации сонуваа, работеа, се бореа и создаваа. Некои ги поставија темелите, некои ја чуваа државата, а наша обврска е да ја направиме подобро место за оние што доаѓаат по нас. Затоа независноста е одговорност кон земјата и граѓаните“, се вели во честитката од Минчев.
    Јетон Шасивари, министерот за правда напиша дека овој ден е еден од најзначајните датуми во нашата современа историја.

    „Независноста е историско достигнување, но пред сè е одговорност секојдневно да ја градиме и зајакнуваме државата. Силна држава е држава во која законот е еднаков за сите, правдата е независна, а институциите се професионални, одговорни и доверливи. Македонија е држава на различни граѓани, но со заедничка иднина. Нашата етничка, јазична и културна различност не е слабост, таа е вредност и сила на нашата држава“, напиша Шасивари.

    Честитка стаса и од партијата ВЛЕН, во која пишува дека овој ден им припаѓа на сите граѓани на земјата, без разлика на нивната етничка припадност, јазик, вера или политички убедувања.

    „Тоа е ден кој нè потсетува дека државата се гради со заеднички придонес и дека нашата иднина е посилна кога се почитуваме едни со други и обезбедуваме еднаквост за сите. За ВЛЕН, европскиот пат на Северна Македонија нема алтернатива. Интеграцијата во Европската Унија значи повисоки стандарди, повеќе можности за граѓаните, посилни институции и посигурна иднина за младите генерации“, пишува во честитката од партијата.

    Делегација на СДСМ предводена од заменик-претседателката, Фани Каранфилова Пановска, заедно со членовите на Извршниот одбор, Рената Младеновска и Андреј Жерновски положија цвеќе и оддадоа почит на вечните почивалишта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, поранешниот претседател Борис Трајковски и првиот премиер на државата, Никола Кљусев.

    За попладнево е најавена и свеченост која ќе се одржи на платото пред Владата на РСМ, а на која обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ТАВ Македонија го повлече ограничувањето за еден бесплатен пристап во 24 часа за возила на аеродромот

    Трамп нема да се извини за споделувањето на избришаното расистичко видео на кое Обама e прикажан како мајмун

    Нема денеска гласање во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово – нови избори во рок од 60 дена

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.