Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Македонија и четири земји од Западен Балкан се усогласија со антитерористичките санкции на ЕУ
    Македонија

    Македонија и четири земји од Западен Балкан се усогласија со антитерористичките санкции на ЕУ

    19/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Информацијата ја потврди високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, во изјава дадена во име на Европската Унија. Станува збор за Одлуката (ЗНБП) 2026/1882 на Советот на ЕУ од 30 јули со која беше извршена редовна ревизија на листата на лица, групи и субјекти опфатени со европските рестриктивни мерки за борба против тероризмот.

    Советот при ревизијата утврдил дека постојат основи мерките да продолжат да се применуваат кон лицата, групите и субјектите кои се наоѓаат на листата. Затоа имињата од постојниот список се задржани.

    Со одлуката од 30 јули не е воведена нова антитерористичка листа, ниту се додаваат нови имиња како резултат на оваа конкретна ревизија. На листата се наоѓаат физички лица и организации кои ЕУ ги смета за поврзани со извршување, обид за извршување, учество или олеснување на терористички акти.

    Меѓу организациите наведени во анексот на одлуката се Хамас, военото крило на Хезболах, Исламскиот револуционерен гардиски корпус (IRGC), Работничката партија на Курдистан (PKK), Палестинскиот исламски џихад (PIJ), Популарниот фронт за ослободување на Палестина (PFLP), Абу Нидал организацијата, Ал-Акса маченичката бригада и други организации.

    Со оваа одлука се усогласија и Исланд, Лихтенштајн, Молдавија и Украина.

    Рестриктивните мерки на ЕУ, зависно од конкретниот режим на санкции, можат да опфаќаат замрзнување средства и имот, забрана за ставање средства на располагање на санкционирани лица и субјекти, како и други ограничувања предвидени со европското законодавство.

    За Македонија ова е уште едно усогласување со одлука на ЕУ во рамките на Заедничката надворешна и безбедносна политика. Во текот на 2026 година Македонија заедно со другите земји од Западен Балкан повеќепати се усогласуваше со одлуки на Советот на ЕУ за различни режими на рестриктивни мерки. Во мај Македонија, Албанија, Црна Гора, БиХ, Исланд, Молдавија и Украина се усогласија со одлуката на ЕУ за продолжување на рестриктивните мерки поврзани со ситуацијата во БиХ до 31 март 2027 година. Во јули, Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија и Украина се усогласија и со други одлуки на ЕУ за рестриктивни мерки, меѓу кои и мерките поврзани со ситуацијата во Либан.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Безвременската оперска класика: „Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет на 27 мај во рамките на 54. Мајски оперски вече

    Ниту една пријава кај антикорупцискиот офицер на УКИМ, студентите сметаат дека корупцијата е „нормализирана“

    Западот се готви за одбрана од можна руска агресија, а не за одбрана на некаков нацизам

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.