Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно

    14/10/2026

    (Видео) Гледаше насекаде освен во водителката поради нејзиното длабоко деколте: тренерот стана вирален хит

    14/10/2026

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    14/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»123 години Илинден – симбол на слободата, единството и македонската историја
    Македонија

    123 години Илинден – симбол на слободата, единството и македонската историја

    02/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Празникот 2 Август е нераскинливо поврзан со Илинденското востание од 1903 година и создавањето на Крушевската Република, првата република на Балканот, која иако краткотрајна, остави неизбришлива трага во македонската историја и колективната меморија.

    На 2 Август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 народни претставници, било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на кое се удрени темелите на современата македонска држава.

    На 2 Август – Денот на Републиката, низ целата држава се одржуваат свечености, чествувања и пригодни настани во чест на Илинден и на сите кои се бореле за слободна и независна Македонија.

    Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски утре ќе биде главниот говорник на централното чествување на Илинден на Мечкин Камен во Крушево. Тој ќе се обрати на големиот народен собир наместо претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој патува на конференција во Египет.

    На свеченото одбележување на 2 Август – Илинден, во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, државната делегација ќе ја предводи македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

    Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе се обрати пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ќе положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов-Ченто.

    Илинден е неработен ден за сите граѓани на Македонија, а годинава празникот се паѓа во недела, поради што, согласно Законот за празници, понеделник, 3 август, исто така е неработен ден.

    Во својата духовна основа, Илинден е посветен на Светиот пророк Илија, еден од најпочитуваните светители во православната традиција. Според народните верувања, Свети Илија е господар на громовите и небесните сили – оној што го „отклучува“ и „заклучува“ небото, носејќи дожд или суша. Неговиот култ е длабоко вкоренет во македонската народна традиција и обичаи.

    Честит да биде, Македонија вечна!

    Поврзани вести

    Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно

    14/10/2026

    Граѓаните сè уште не можат да се пријават онлајн за вакцина против грип

    13/10/2026

    Суспендирани шест полициски службеници за употреба на прекумерна сила во случајот за насилство врз двете момчиња

    11/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно

    14/10/2026

    (Видео) Гледаше насекаде освен во водителката поради нејзиното длабоко деколте: тренерот стана вирален хит

    14/10/2026

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    14/10/2026

    Албанските студенти кои протестираат за подобри услови во образованието се судрија со полицијата

    14/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Концерт, филмски проекции, изложба и претстава на Скопско лето

    Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека

    Концерт на пијанистката Дуња Иванова под отворено небо во Центар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.