Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ИКАРУС и ЕВН повторно избрани за набавка на 150 електрични автобуси и станици за полнење
    Македонија

    ИКАРУС и ЕВН повторно избрани за набавка на 150 електрични автобуси и станици за полнење

    23/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во рамки на јавниот повик пристигнале четири понуди од компании од Турција, Кина и Унгарија. Понуди доставиле Ксиамен Голден Драгон бус, Јес-ЕУ Денмарк А/С Јутонг, БМЦ Отомотив Санави со Тиџарет Аноним Сиркети, и Икарус Електрик заедно со ЕВН.

    Компанијата Икарус електрик заедно со ЕВН е на листата како најповолен понудувач во постапката за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, откако на електронската аукција доставила најниска понуда.

    По евалуацијата на понудите, Комисијата за јавни набавки утврдила дека две компании ги исполнуваат условите за учество на електронската аукција, односно БМЦ Отомотив Санави со Тиџарет Аноним Сиркети, и Икарус Електрик заедно со ЕВН.

    На одржаното електронско наддавање, најниска цена понудила унгарската компанија Икарус Електрик заедно со ЕВН, со понуда од 3,12 милијарди денари или нешто над 50 милиони евра без ДДВ. Еден автобус би чинел нешто под 20 милиони денари или 322.000 евра без ДДВ, а една станица за полнење 2,02 милиони денари (32.500 евра) без ДДВ.

    Комисијата предложила избор на најповолниот понудувач, по што следува рок за жалби од 10 дена.

    Доколку биде склучен договорот, испораката треба да се одвива во три фази. Првите 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење треба да бидат испорачани во рок од шест месеци, потоа уште 60 автобуси и 30 станици во рок од 12 месеци, а последните 60 автобуси и 30 станици во рок од 18 месеци од склучувањето на договорот.

    Претходната постапка за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење беше поништена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на тендерот.

    Министерството за транспорт во февруари го објави јавниот повик за набавка на електрични еколошки автобуси, при што 100 автобуси беа наменети за Град Скопје, а 50 за општините низ државата.

    И тогаш како и сега најповолен понудувач беше унгарската компанија Икарус во партнерство со австриски ЕВН.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Денеска последна седница за пратенички прашања пред годишните одмори

    Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации, предупредува СЗО

    И крилото на Таравари во Алијансата за Албанците даде поддршка на припадниците на ОВК во Хаг

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.