Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Собранието ги избра новите министри, Мицкоски им се извини на пратениците за инцидентот со Стоилковиќ
    Македонија

    Собранието ги избра новите министри, Мицкоски им се извини на пратениците за инцидентот со Стоилковиќ

    14/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Синоќа Собранието ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски.

    Во завршното обраќање Мицкоски им се извини на пратениците и на граѓаните за инцидентот што настана во парламентот кога кандидатот за министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, инаку претседател на Демократската партија на Србите (ДПС), како што велат од СДСМ, ги навредувал и пцуел заменик-координаторот на пратеничката група Фатмир Битиќи и пратеникот Митко Трајчулески.

    „Ќе ми дозволите, како претседател на Владата, да им се извинам вам, пратениците, и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори“, рече Мицкоски од говорницата.

    Претходно во текот на седницата, поради навредите, сите опозициски партии освен пратениците на Левица, ја напуштија собраниската седница вклучувајќи ги СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Во меѓувреме, ниту Стоилковиќ ниту претседателот на Собранието Африм Гаши не се извини за навредите кон пратениците.

    За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари од Вреди, за земјоделство Борче Серафимовски од ЗНАМ, за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Вреди, за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за туризам и култура Седат Сулејмани од Вреди, за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од ДПСМ, а министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

    Министрите беа избрани со 69 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Фредериксен: Сите европски земји се погодени од руската хибридна војна

    Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист и го напушти местото на настанот

    ИКАРУС и ЕВН повторно избрани за набавка на 150 електрични автобуси и станици за полнење

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.