Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Денеска Собранието ќе избира нови членови на Владата
    Македонија

    Денеска Собранието ќе избира нови членови на Владата

    13/07/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, а ќе ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, актуелниот министер за локална самоупрва ќе биде разрешен и ќе ја преземе директорската функција во Фондот за здравствено осигурување каде на чело е Сашо Клековски (ВМРО-ДПМНЕ), кој пак се очекува да биде избран од Собранието за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу. За министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати (Вреди). Цветан Трипуновски, ќе биде разрешен од функцијата министер земјоделство, шумарство и водостопанство, а на негово место ќе дојде Борче Серафимовски (ЗНАМ). Фатмир Лимани, треба да биде разрешен од министерската позиција во социјална политика, демографија и млади, а таа позиција да ја преземе Ѓоко Велковски (ВМРО-ДПМНЕ). Зоран Љутков, ќе биде разрешен од министерската позиција во култура и туризам, а на негово место е предложен Седат Сулејмани (Вреди). На местото на Шабан Салиу, министер без ресор, е предложен Ерџан Демир (ВМРО-ДПМНЕ).

    На седницата се очекува преседателот на Владата, Мицкоски да ја образложи смената на министрите.

    Согласно Деловникот за работа на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, кој трае најмногу два дена. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјасни по предлогот во траење од 15 минути. Новите министри се бираат со мнозинство од вкупниот број пратеници.

    По склучувањето на договорот за соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Демократската партија на Турците наскоро до Собранието треба да биде доставен предлог за уште еден нов министер во Владата, а владејачкото мнозинство се зголеми за уште еден пратеник. Исто така новина што премиерот ја соопшти пред извесно време е што во Владата веќе нема да има вицепремиер и министер за добро владеење, туку тие обврски ќе ги преземе лице од неговиот Кабинет. Изборот на заменици министри, како што најави Мицкоски, ќе биде во септември.

    Промената на министрите во Владата се случува на половина од мандатот на премиерот Мицкоски. На прес-конференција по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател е, рече дека оваа реконструкција на Владата означува почеток на нова фаза по изминати две години, од работата на оваа Влада, исполнети со сериозни предизвици, поставување темели, стабилизација на состојбите и реализација на крупни проекти. „Сега следува период во кој фокусот уште повеќе ќе биде ставен на ефикасноста, динамиката и испораката на резултати за граѓаните. Нова енергија за ново забрзување“, рече премиерот Мицкоски.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Втор ден Струшки вечери на поезијата – поетски читања, промоции и портрети

    Единаесет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

    Сатурн и Нептун си заминуваат: Три знаци излегуваат од тежок период во животот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.