Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59 пратеници
    Македонија

    Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59 пратеници

    11/07/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред граѓаните“, изјави Мицкоски на свеченоста заедно со колеги од ДПТМ.

    Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија се испраќа јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината на државата, постои простор за обединување околу заеднички вредности, принципи и цели.

    Тој вели дека се работи за партнерство засновано врз доверба, заемно почитување и искрена определба да се работи во интерес на сите граѓани.

    „Посебно ми е драго што денес нашето политичко семејство станува побогато со Демократската партија на Турците на Македонија. Турската заедница е нераскинлив дел од нашето општество, народ кој со својата работа, традиција и лојалност со децении придонесува за развојот на државата. Нашата соработка е доказ дека вистинските политики ги поврзуваат луѓето, а не ги разделуваат, и дека кога постои искрена намера да се работи за граѓаните, различностите стануваат наша предност“.

    Мицкоски вели дека не е среќен што, во меѓувреме, опозицијата се наоѓа во лоша состојба бидеќи, како што вели, на државата и во интерес на демократија и на граѓаните е потребна, како што вели, силна, сериозна и конструктивна опозиција.

    Од друга страна, парламентарното мнозинство продолжува да се консолидира. Практично Демократската партија на Турците на Македонија од денеска е составен дел на коалицијата, како дел од внатрешната коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското собрание и со тоа веќе парламентарното мнозинство добива уште еден пратеник дополнително, а пратеничката група на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент ќе брои 59 пратеници.

    Мицкоски истакнува дека за ВМРО-ДПМНЕ и за владејачката коалиција тоа не е причина за самозадоволство, ниту политичка привилегија.

    „Напротив, тоа е уште поголема обврска и уште поголема должност кон граѓаните. Колку е поголема довербата што ја добиваме, толку е поголема и нашата одговорност да испорачаме резултати“, вели премиерот.

    Според него, новото партенрство во коалицијата е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е силна, стабилна и моќна политичка структура, која ја препознаваат сè повеќе граѓани и политички субјекти.

    „Но, мојата амбиција никогаш не била ВМРО-ДПМНЕ само да победува на избори. Победите се важни, но тие не се крајната цел. Мојата цел е ВМРО-ДПМНЕ да биде политичка сила која обединува, која ги поврзува луѓето околу заеднички вредности, околу развојот на државата и економскиот напредок, владеењето на правото, подобриот живот за секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска и политичка припадност“

    Мицкоски вели дека верува дека токму така се гради силна држава.

    Токму кога политиката не создава нови поделби, туку нови партнерства; кога не се бројат разликите, туку заедничките цели и кога сите што искрено сакаат да допринесат за напредокот имаат место во заедничкиот пат кон подобра иднина.

    Првиот човек на коалицијата и на владата вели дека коаицијата продолжува со работа посветено, одговорно и со уште поголема енергија.

    „Граѓаните очекуваат резултати, а наша должност е секој ден да ја оправдуваме нивната доверба со работа, реформи и исполнети ветувања“, заклучува Мицкоски.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    Филипче: СДСМ нуди економски патриотизам

    New Soundboard from Bose Review: Pricing is Not Always the Only Criteria

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.