Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026

    Менкиноски: Бугарија вети помош, а испорача блокада – Македонија конечно мора да возврати со силата на правото!

    21/08/2026

    Mицкоски: Граѓаните не сакаат предвремени избори но ако опозицијата побара нема да седиме настрана како кукавици

    20/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Отворена изложбата „Живи артефакти – Трансцеденција“ на Филип Јовески во КИЦ Тирана
    Култура

    Отворена изложбата „Живи артефакти – Трансцеденција“ на Филип Јовески во КИЦ Тирана

    07/07/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во Македонскиот културно информативен центар во Тирана, вчера вечер (06.07.2026) се отвори изложбата „Живи артефакти – Трансцеденција“ на Филип Јовески. Изложбата привлече големо внимание и донесе бројни посетители, поради уникатниот спој на традиционалната уметност и современите технологии.

    Постетителите имаа можност интерактивно да ја следат изложбата, бидејќи дел од уметничките дела оживуваа преку мобилна апликација.

    Изложбата на Филип Јовески донесе една нова димензија на комуникација со уметноста, што навистина ги воодушеви присутните.

    „Во конципирањето на овој циклус, авторот останува доследен на постулатите воспоставени во претходните етапи, при што како примарен обединувачки елемент на трилогијата се издвојува фузијата на традиционалниот сликарски израз со дигиталната сфера преку аугментираната реалност. Покрај оваа интермедијална верига, Јовески ѝ останува верен на својата определба: есенцијалната инспирација и ликовниот мотив да ги црпи од македонското народно творештво. Земајќи ги како почетна точка препознатливите обрасци и колоритот на ткаенините и везовите, тој им вдахнува нова, специфична ликовност, врежувајќи го во нив својот автентичен авторски печат. Идејните премиси што Јовески ги заговара уште во претходните остварувања, во „Трансценденција“ добиваат уште посилна и појасна артикулација. Со изборот на геометриската апстракција како стожерна тематика, а цртежот како примарно ликовно средство, првичниот впечаток пред овие дела е нагласениот рационализам во нивната структурална изградба. Сепак, целосната естетска и семантичка смисла може да се долови само доколку композициите се перципираат интегрално и во строго дефиниран редослед. Преку ваквото континуирано набљудување станува евидентна еволуцијата на творечката мисла, манифестирана како во композициски, така и во хроматски контекст“. – пишува Александар Василески, Доктор по хуманистички науки од полето на историја на уметноста и археологија и куратор на проектот.

    „Живите“ артефакти претставуваат код, симбол и дестилација на надредени концепти и идеи, направени врз основа на лично искуство во областа на визуелните уметности, архитектурата, културното наследство, скулптурата, анимацијата и видео уметноста, отелотворени во различни медиуми (класични и дигитален) и претставени со помош на AР (аугментирана реалност) технологии. Трансценденцијата се случува кога аналогното уметничко дело направено со традиционални класични техники на сликање се трансформира во дигитално, бинарно и ефемерно дело. Во истиот момент, двете дела ги гледаме паралелно на истото место, надредени, но во сосема различни реалности (физичка и виртуелна). Во тој момент, визуелниот код се претвора во дигитален код кој, пак, се претвора во информација која е визуелна и аудитивна.

    Изложбата е поддржана од Министерство за култура и туризам.

    Филип Јовески од Прилеп, е наградуван мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник и Магистер по ликовна уметност кој инспирацијата за своето творештво ја наоѓа во спојот на секојдневното и фантастичното, традиционалното и модерното, уметноста и технологијата, креативната перцепција и научното истражување. Има остварено уметнички студиски престои во Германија, Русија, Чешка и Англија. Реализирал самостојни изложби во Германија, Грција, Србија и С. Македонија, и учествувал на повеќе интернационални групни изложби, проекти, уметнички колонии и биеналиња. Член е на ДЛУМ, ДЛУБ и ДЛУП, а неговите дела се наоѓаат во јавни институции и приватни колекции во Северна Македонија, Германија и Англија.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026

    Менкиноски: Бугарија вети помош, а испорача блокада – Македонија конечно мора да возврати со силата на правото!

    21/08/2026

    Mицкоски: Граѓаните не сакаат предвремени избори но ако опозицијата побара нема да седиме настрана како кукавици

    20/08/2026

    АХВ: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Турција

    20/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Кривична пријава за маж што одгледувал канабис

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Жителите на виничко Блатец со стража ја чуваат реката од инвеститор на мала хидроцентрала, велат без неа нема живот, ниту храна

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.