Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Marvel“ се огласи по смртта на Патрик Стјуарт: „Тој беше вистински џентлмен“

    30/10/2026

    Ја пронајдоа љубовта кога тој имаше 68, а таа 30 години: Љубовната приказна на Патрик Стјуарт и неговата сопруга

    30/10/2026

    Мицкоски најавува 4.500 денари месечно за студентски оброк, но кога ќе ги добијат студентите останува нејасно

    29/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Самостојна изложба на македонскиот уметник Давид Атанасоски во Македонскиот КИЦ во Софија
    Култура

    Самостојна изложба на македонскиот уметник Давид Атанасоски во Македонскиот КИЦ во Софија

    01/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 2 јули (четврток), со почеток од 18:30 часот ќе се отвори ликовната изложба на младиот македонски уметник Давид Атанасоски од Прилеп.

    Изложбата е составена од дваесетина дела, изработени како колажи од фотографии од претходно создадени објекти од картон.

    Давид Атанасоски за својата изложба „Трансформации на структурата од картон кон форма“:

    „Во современата уметничка практика, колажот не се појавува како постапка на едноставно составување визуелни фрагменти, туку како простор на трансформација и повторна артикулација на веќе обликувани формални искуства. Во овој циклус, елементите преземени од претходно реализирани скулпторски дела се издвоени од нивниот изворен контекст и организирани во нови композициски целини, каде формата продолжува да егзистира надвор од својата првобитна материјална состојба.

    Овие дела не ја документираат скулптурата, ниту претставуваат нејзина репродукција. Тие се нејзино продолжение во друг медиум и друга визуелна логика. Скулпторскиот волумен повеќе не е физички присутен, но останува активен како меморија на формата, зачувана во фрагментот, исечокот и односите што се воспоставуваат помеѓу геометриските елементи. На тој начин, делото се развива како поле на постојана преобразба, каде материјалното искуство се трансформира во автономна визуелна структура.

    Циклусот претставува своевиден дијалог со сопственото творештво. Веќе реализираните скулпторски форми не се третираат како завршени објекти, туку како отворен визуелен материјал подложен на нови интерпретации. Процесот на колажирање станува чин на деконструкција и реконструкција, во кој фрагментот престанува да биде остаток од претходна целина и се преобразува во автономен носител на значење.

    Композициите се изградени врз внимателно воспоставени односи помеѓу масата и празнината, присуството и отсуството, редот и неговото нарушување. Геометриските форми не функционираат како декоративни мотиви, туку како носители на внатрешната структура на делото. Нивната интеракција создава динамичен систем на ритми и визуелни напнатости во кој секој елемент истовремено ја задржува меморијата на своето потекло и добива нова улога во рамките на композицијата.

    Во овие колажи геометријата не е средство за формална дисциплина сама по себе, туку јазик преку кој се истражуваат односите помеѓу просторот, перцепцијата и меморијата. Редукцијата на елементите го насочува вниманието кон суштинските вредности на композицијата, овозможувајќи интензивен дијалог помеѓу формата и просторот. Колажите функционираат како визуелни записи на континуиран процес на преобразба, во кој скулптурата не исчезнува, туку продолжува да живее во изменета состојба. Токму во таа трансформација се открива нивната суштинска вредност – способноста истовремено да го зачуваат потеклото на формата и да создадат нов, автономен простор на визуелно и интелектуално искуство.“

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    „Marvel“ се огласи по смртта на Патрик Стјуарт: „Тој беше вистински џентлмен“

    30/10/2026

    Ја пронајдоа љубовта кога тој имаше 68, а таа 30 години: Љубовната приказна на Патрик Стјуарт и неговата сопруга

    30/10/2026

    Мицкоски најавува 4.500 денари месечно за студентски оброк, но кога ќе ги добијат студентите останува нејасно

    29/10/2026

    Кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за незаконски постапки поврзани со операции на очи

    29/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Девојката на Бекам „ги покажа забите“: ја критикуваат затоа што е постара од Круз

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    Традиционална ликовна изложба „Самоуки 2026“ во Куманово

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.