Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Договорот за изградба на автопатот Скопје-Блаце ќе биде потпишан в понеделник, најави Мицкоски
    Македонија

    Договорот за изградба на автопатот Скопје-Блаце ќе биде потпишан в понеделник, најави Мицкоски

    02/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Ако зборуваме за патната инфраструктура,  за неколку месеци од сега шест автопатски делници ќе се градат. Во понеделник го потпишуваме договорот за изградба на автопатот Блаце – Скопје, проект што граѓаните го чекаат со децении и кој го доби македонска компанија. Многу наскоро ќе биде завршен и процесот за делницата Букојчани – Кичево, а догодина ова време веќе ќе треба да го користиме автопатот Кичево – Охрид. Исто така, догодина ова време очекувам првите десет километри од автопатот кај Прилеп да бидат пуштени во употреба во двете насоки, а во полн ек да биде изградбата на автопатот Тетово – Гостивар – Букојчани. Така што, првпат имаме ситуација во ист момент да се работи на шест автопатски делници. Можам да набројам уште многу проекти“, рече Мицкоски.

    Владата, оцени тој, работи макотрпно, просечната плата е зголемена за 8 илјади денари, а просечната пензија за 7 илјади денари.

    „Овие две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но, имајќи предвид каде почнавме мислам дека е повеќе од доволно. Ги зголемивме пензиите за 7.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но ако се земе во предвид дека просечната пензија беше некои 14.000, 15.000 денари пред оваа влада да биде влада за две години да ја зголемите за 40, 45 проценти е значаен параметар“, посочи Мицкоски.

    Ако претходно, дополни премиерот, просечниот економски раст беше 1,8 проценти годишно, сега е 3,5 проценти. Тоа е речиси двојно поголем раст на бруто-домашниот производ.

    Во образованието, дополни, порано учебниците недостигаа цела година, а сега се подготвени уште во април за следната учебна година. Тоа беше голем предизвик за претходната Влада и процес што беше поврзан со скандали и недоречености.

    Во земјоделството, посочи, имаме напредок во кој било сегмент.

    „Во 2024 година 16 милиони килограми тутун, 2025 година 26 милиони килограми тутун. Во 2024 година беа произведени околу 70 милиони килограми грозје,  а во 2025 година меѓу 120 и 130 милиони килограми. Во август 2024 година акумулациите беа исполнети со само 8 проценти, а денес се на околу 18 проценти. Во ‘Национални шуми’ имаше три неисплатени плати, како и во “Водостопанство’. Денес тие обврски се сервисираат редовно“, рече премиерот Мицкоски.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Како германската судиска двојка се посрамоти: „По прегледот… ништо“ (ВИДЕО)

    Голем проблем за Енрике, остана без нови две ѕвезди пред дуелот со Барселона

    Државата ќе ги заострува критериумите за добивање субвенции, најави министерот за земјоделство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.