Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Од Скопје, ЗНАМ го започна караванот „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“
    Политика

    Од Скопје, ЗНАМ го започна караванот „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“

    27/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што информираа од ЗНАМ, целта на карванот е непосреден разговор со граѓаните за предизвиците, реформите и визијата за современа, функционална и европска
    Македонија.

    Обраќање на панелот имаше претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша
    Македонија, Максим Димитриевски, кој истакна дека ЗНАМ денес е сериозен
    политички фактор затоа што остана доследен на вредностите врз кои е
    создаден, чесност, одговорност и работа во интерес на граѓаните.

    Тој порача дека Движењето не е формирано за да биде нечие привремено
    политичко засолниште, ниту за да тргува со позиции и функции, туку за да
    понуди нов политички модел и да ја врати довербата во институциите.

    „ЗНАМ ќе постои се додека ве има вас, луѓето кои искрено веруваат во
    оваа идеја. Ќе постои се додека ги чуваме принципите поради кои се
    создадовме и додека политиката ја водиме со достоинство, чесност и
    одговорност. Гледавме како партии што со години ветуваа европски
    вредности се претворија во затворени политички и трговски друштва, каде
    личниот интерес стана поважен од државниот. ЗНАМ нема да оди по тој пат.
    ЗНАМ има своја шанса, свој правец и своја обврска, кон Македонија и кон
    нејзините граѓани“, истакна Димитриевски.

    Во рамки на панел-дискусијата свое обраќање имаа и министерот за јавна
    администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев,
    како и министерот за правда и претседавач на Централниот одбор на
    Движењето ЗНАМ, Игор Филков. Тие говореа за реформите што се реализираат
    во јавната администрација и правосудството, процесите на модернизација
    на институциите и чекорите што ја приближуваат државата до европските
    стандарди.

    Во своето завршно обраќање, претседателот Димитриевски порача дека
    вистинскиот процес за ЗНАМ допрва започнува и дека движењето ќе продолжи
    да расте заедно со граѓаните, преку непосреден дијалог и конкретна
    работа на терен.

    „Не се бориме за фотелји, не се бориме за функции и привилегии. Се
    бориме да изградиме држава во која младите ќе остануваат, институциите
    ќе работат, а чесниот човек ќе биде вреднуван. Нашиот процес допрва
    почнува. Ќе бидеме меѓу граѓаните во секој град, ќе слушаме, ќе
    разговараме и заедно ќе ги носиме одлуките. Тоа е суштината на ЗНАМ и
    затоа сум убеден дека најдоброто за нашето движење, но и за Македонија,
    допрва доаѓа“, порача претседателот на ЗНАМ.

    Панел-дискусијата во Скопје претставува почеток на серија средби што во
    наредниот период ќе се одржат во осум градови низ државата, како дел од
    караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, со кој
    Движењето ЗНАМ ја продолжува својата определба за непосредна
    комуникација со граѓаните и заедничко креирање политики што носат
    развој, стабилност и сигурна европска иднина за Македонија.

    Поврзани вести

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство

    Вреди ги потврди Шасивари, Ферати и Сулејмани како министри во реконструираната Влада

    Уште една смена на Островот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.