Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител
    Македонија

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    27/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар јасно да се произнесе дали сака да биде органодарител, со што ќе се овозможи создавање појасна слика за ставовите на граѓаните и дополнително ќе се зајакнат довербата и информираноста за органодарителството. Ова е предвидено со новите законски измени кои ги најави министерот за здравство Азир Алиу на панел дискусија за органодарителство што се одржа во Гостивар.
    Измените предвидуваат и проширување на можностите за лекување преку проширување на кругот на живи дарители до четврти степен на сродство, при целосно почитување на сите етички, медицински и законски стандарди.
    „Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, безбедно и со двојна верификација. Секој граѓанин ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може да си го постави: дали во најтешкиот момент можеме да создадеме надеж за некој друг? Нашата задача е да градиме доверба и да создадеме систем во кој семејството однапред ќе ја знае волјата на својот близок. Органодарителството не смее да биде тема за која првпат разговараме во болнички ходник, во мигови исполнети со трагедија. Треба да зборуваме дома, во семејствата, во училиштата, на факултетите, меѓу лекарите и пациентите“, истакна Алиу.
    Тој информира дека е во тек постапката за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, кој веќе е доставен во Собранието по скратена постапка.
    „Собранието испрати силна порака на единство и консензус за зајакнување на органодарителството со тоа што од страна на пратениците од власта и опозицијата беше изгласана потребата од носење на законот по скратена постапка. Кога станува збор за животот, нема власт и опозиција, нема политичка разлика што може да биде поважна од должноста да покажеме дека државата знае да биде на страната на човечноста, достоинството и надежта. Предложените измени претставуваат важен чекор кон систем во кој личната волја на граѓаните ќе биде појасно изразена, поцврсто заштитена и подоследно почитувана“, кажа Алиу.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Нови несогласувања за Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ бара договор, СДСМ обвинува за блокада

    Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските за регионалниот развој

    Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ја почнува петдневната турнеја низ земјите од Западен Балкан, утре е во Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.