Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Брaсинга: Струшките вечери на поезијата имаат одек што трае долго по фестивалот
    Култура

    Брaсинга: Струшките вечери на поезијата имаат одек што трае долго по фестивалот

    24/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Холандската поетеса Анеке Брасинга, добитничка на највисокото признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата денеска на прес-конференција изрази задоволство што се вброи во редот на најзначајните светски творци, добитници на наградата.

    „Бев многу трогната од тоа внимание. Јас сум првиот холандски поет што ја добива оваа награда и тоа ми претставува голема чест. Со тоа се оддава почит на холандската поезија. Холандскиот јазик се зборува во една многу ограничена област. Многу поети од други култури се пренесени на холандски јазик: Данте, Шекспир, Чехов. Како мал јазик, ние секогаш се храневме од она што се создаваше на другите јазици и тоа е една од двете причини зошто бев преведувач. Таква една размена дава одредена космополитска слобода, налик на Еразмус и Спиноза и многу други“, рече Брасинга.

    Поетските фестивали, како Струшките вечери на поезијата, според неа, имаат свој одек дури и многу подоцна откако ќе престанат самите настани.

    „Тоа е метафора. Поезијата е сама по себе метафора на взаемното разбирање кое што оди понатаму од рационалното, до сочувството, до почитувањето во однос на сите наши борби, надвор и во нас. Секој израз е показ на нашата свест, како човечки суштества, на универзалниот јазик кој е нужен за опстанокот на цивилизацијата. И многу сум благодарна што учествувам на овој меѓународен поетски фестивал во Струга. Покрај тоа, дел од мојата поезија се преведува на вашиот јазик и е објавена овде во Македонија. Тоа ме исполнува со голема радост и со голема благодарност, затоа што претставува природен развој на еден поетски регион. Поезијата е еден вид храна за душата и тоа е она што сакав да го кажам кога ја добив информацијата за наградата“, рече Брасинга.

    Во однос на улогата на поетските фестивали во културно фрагментираниот современ свет, истакна дека поезијата е релевантна во комуникацијата на она ниво на кое што нема условеност.

    Директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата Никола Кукунеш истакна дека Брасинга успеала да се наметне на европската поетска сцена, со што на сите ние кои што доаѓаме од помалите јазични заедници ни дава мотив дека и малите јазици можат да прават големи нешта на отворената голема сцена.

    „Годинешното издание е во малку поинаков формат, со еден ден плус, што значи дека имаме неколку настани повеќе во споредба со минатите години. На тој начин ја враќаме славата и големината на Струшките вечери на поезијата какви што биле некогаш. И желба е таа тенденција да продолжи во иднина. Во поглед на издавачката дејност оваа година ќе биде исто така запаметена по еден извонреден број отпечатени книги. Станува збор за 14 книги. Дел од нив се во едицијата „Плејади“, монографско издание на лауреатот, како и монографии и антологии. Тоа значи дека уште еднаш покажуваме дека имаме капацитет, дека имаме желба, мотив и знаење како да ги изнесеме оние вредности кои што ни доаѓаат, меѓутоа и остануваат како отпечаток од минатите изданија на Струшките вечери“, истакна Кукунеш.

    Уметничкиот директор Мите Стефоски изрази задоволство што токму творештвото на Брасинга се чествува на Фестивалот и тоа што холандската литература во целост, преку ова признание, е наградена и е ставена во фокус.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026

    Менкиноски: Бугарија вети помош, а испорача блокада – Македонија конечно мора да возврати со силата на правото!

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Кога тишината и допирот зборуваат погласно од сликите: Премиера на „Толку е тивко“ на Театар Пи во Ѓорче

    (Видео) „Јас користам црвена светлина, тоа и крвта на деветнаесетгодишник“

    МОБ: Почеток на сезоната со „Реквием“ од Моцарт на 3 октомври

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.