Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Алиу во Рига: Дигиталното здравство е инструмент за подобра грижа за пацинетите
    Македонија

    Алиу во Рига: Дигиталното здравство е инструмент за подобра грижа за пацинетите

    05/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Дводневниот  состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат да создадат одржливи и иновативни решенија за здравствената работна сила, соопшти Министерството за здравство.

    „Малите земји не секогаш имаат најголеми ресурси, но можат да имаат најбрза адаптација, најдобра координација и најсилна политичка волја за промени. Нашата цел е да изградиме здравствен систем кој подобро го користи знаењето на здравствените работници, го намалува административниот товар и им овозможува повеќе време за пациентите“, истакна министерот Алиу во обраќањето на состанокоот.

    Алиу учествуваше во сесијата посветена на оптимизација на здравствената работна сила, каде ја претстави Националната стратегија за дигитално здравство 2026–2030 како еден од клучните реформски процеси во државата. Тој посочи дека дигитализацијата не е само техничка модернизација, туку начин здравствениот систем подобро да го организира патот на пациентот, да ги поврзе нивоата на здравствена заштита и да им помогне на здравствените работници да работат со помалку административни пречки и со подобар пристап до релевантни податоци.

    „Дигиталното здравство за нас не е цел само по себе. Тоа е инструмент за подобра грижа. Кога податоците го следат пациентот, лекарот има поцелосна слика, пациентот добива побрза и побезбедна услуга, а системот станува поорганизиран и поодговорен“, рече Алиу.

    Во овој контекст, министерот ги претстави следните чекори што ги презема Министерството за здравство: дигитализирани патеки на лекување, приоритетно упатување и тријажа, развој на мултидисциплинарни тимови што ја поврзуваат примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита, како и пилот-проектот за теледерматологија, кој има за цел да ја доближи специјалистичката услуга до пациентите во руралните и оддалечените средини.

    Тој се осврна и на новиот Закон за евиденциите во здравството, како дел од процесот за усогласување со Европскиот простор за здравствени податоци, како и на унапредувањето на националниот регистар на здравствени работници.

    На панелот посветен на дигиталната технологија и вештачката интелигенција, министерот Алиу, заедно со министри и претставници од други европски земји, говореше за улогата на вештачката интелигенција во здравството и за преминот од фрагментирани системи кон поврзана, податочно водена здравствена архитектура. Воедно, тој порача дека вештачката интелигенција може да биде силна поддршка за здравството, но не смее да стане замена за човечката одговорност.

    Учеството на состанокот во Рига е дел од пошироката заложба на Министерството за здравство за активно вклучување во европските здравствени процеси, размена на искуства со другите земји и примена на иновативни решенија што можат да ја зголемат одржливоста на здравствениот систем.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Македонија времено ги прекинува исплатите на средства од ИПАРД

    Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека

    „Парусион“ во МКЦ: Авторски фјужн звук во срцето на живиот ритам

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.