Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Инклузивна промоција на сликовницата „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски
    Култура

    Инклузивна промоција на сликовницата „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски

    28/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во сабота (30 мај), со почеток во 17 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода ќе се одржи промоција на сликовницата „Големиот сон“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Алексеј Костовски.

    На инклузивната промоција како специјални гости ќе настапат Дац и Александар, инспирацијата за главниот лик во сликовницата – Ана Витанова, како и Марија Савеска. Авторот Јанкуловски и илустраторот Костовски накратко ќе ја претстават сликовницата.

    Сликовницата „Големиот сон“ на неодамнешниот Саем на книгата го освои првото место за поттикнување општествена одговорност, признание што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

    „Сликовницата, како и претходните дела на Јанкуловски, е напишана со цел да поттикне прифаќање на различностите, кои не се и не смеат да бидат пречка во остварувањето на соништата. Денис Јанкуловски е докажан борец за правата на децата и лицата со попреченост, силен и активен гласноговорник за подигнување на свеста за нивна инклузија во нашето општество“, се вели во образложението на жири-комисијата.

    Оваа сликовница е приказна за девојчето Тина, која ја сака музиката повеќе од сѐ. Таа пее насекаде – додека си ги мие забите, додека го храни маченцето Папи и додека го шета кучето Бела во својата сина количка со нотички на тркалата. Нејзиниот најголем сон е еден ден да стане вистинска ѕвезда. Кога добива покана да пее на фестивал, Тина учи дека со храброст, добри пријатели и верба во себе, секој сон може да стане реалност, велат од издавачот „Прозарт медиа“.

    „Големиот сон“ е во издание на „Прозарт медиа“, а објавувањето е поддржано од „Зегин“ и Фондацијата „д-р Верица Маханџиска“, „Шпаркасе Банка“, „Пакомак“, Министерството за култура и туризам, „Сити Флауерс“ и „Дата Понс“. Промоцијата се организира во соработка со Домот на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    МНТ гостува во Дубровник со култната претстава „12“

    Нафтата скокна над 107 долари за барел, откако Трамп изјави дека САД ќе продолжат со нападите врз Иран

    ЕУ ја предупреди Албанија дека одморалиштето на Џаред Кушнер ги загрозува преговорите за пристап во Унијата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.