Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Иднината на државата не се мери со бројки, туку колку образовани, достоинствени и свесни генерации создава
    Македонија

    Мицкоски: Иднината на државата не се мери со бројки, туку колку образовани, достоинствени и свесни генерации создава

    24/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Денес, одбележувајќи го делото на Светите Кирил и Методиј, не зборуваме само за двајца просветители, туку за темелот на една цивилизациска идеја, дека човекот е вистински слободен кога има право да мисли, учи и создава на свој јазик. Нивното дело не е само историски настан, туку победа на знаењето, духовноста и културата над темнината и покорувањето. Од нив започнува нашата културна и духовна преродба, продолжена преку нивните ученици и низ вековната традиција на писменоста и просветата.
    Македонија низ историјата опстојувала преку словото, црквата и образованието“, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во обраќањето на свеченоста по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј одржана во црквата „Света Софија“ во Охрид.

    Тој посочи дека и покрај политичките предизвици и неправдите со кои се соочува Македонија, најважно е да останеме обединети и да не дозволиме образованието, културата и словото да станат празна форма и нагласи дека имаме обврска да ја чуваме книгата, науката и духовноста како најголема вредност.

    „Народ што има јазик, култура и образование никогаш не е мал народ, а Македонија има со што да се гордее, со својот јазик, истрајност и дух што не се покорува. Иднината на државата не се мери само со бројки, туку со тоа колку образовани, достоинствени и свесни генерации создава. Затоа мора да ја зачуваме вербата во знаењето, младите и сопствениот идентитет“, рече Мицкоски.
    Тој коментираше и за работата на правосудниот систем и нагласи и дека, како што рече, го разбира незадоволството и негодувањето кај луѓето кои сè повеќе губат трпение од испораката на правдата.

    „Морам да кажам дека и јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу, многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте да мисли кој било од вас дека не ги слушам оние крици на луѓето кои ѝ се смеат на правдата, кои мислат за себе дека се непобедливи и дека ја измамиле правдата. Денес тие се најгласните критичари на Владата и пресоблечени измамници кои се најзагрижени за тоа дека немало правда,“ рече Мицкоски и повика на народно и интелектуално обединување на државата.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Балканот за повеќе од една деценија загубил над 2.400 километри недопрени реки, меѓу нив и делови од Вардар

    На 4 октомври, Бела ноќ во Скопје

    Дина Јашари ќе ја претставува Македонија на престижниот фестивал Eurosonic Noorderslag 2026 во Холандија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.