Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Безвременската оперска класика: „Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет на 27 мај во рамките на 54. Мајски оперски вече
    Култура

    Безвременската оперска класика: „Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет на 27 мај во рамките на 54. Мајски оперски вече

    21/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 27 мај со почеток во 20.00 часот, во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

    Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми.

    Диригент е гостинот од Унгарија, Гергељ Кесељак, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, создавајќи моќна продукција чиј главен фокус е сценската динамика и визуелната префинетост. Сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша Евтимова, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска.

    Во улогата на Виолета Валери ќе настапи Теа Пурцеладзе (Грузија), во улогата на Алфред Жермон – Алесандро Фантони (Италија), Жорж Жермон – Бадрал Чулунбатар (Монголија), а во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Кристијан Антовски, Драган Ампов, Никола Стојчевски, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

    Операта „Травијата“ е едно од најзначајните и најизведуваните дела во светската оперска литература, напишана од Џузепе Верди во 1853 година и за првпат изведена истата година во театарот „Ла Фениче“ во Венеција. Создадена според романот „Дамата со камелии“ од Александар Дима синот, операта и денес се смета за едно од клучните дела на репертоарот, кое со својата силна драмска линија и емоционална длабочина останува актуелно на сцените ширум светот и кај нас.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Тие ќе ви ја исцрпат целата енергија: кои луѓе треба да ги избегнува секој хороскопски знак

    Симеоне: Сакам да играме со Барса и во четвртфиналето на Лигата на шампионите

    Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните седум години

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.