Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Забава»(Видео) Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ – Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јуни во Скопје
    Забава

    (Видео) Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ – Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јуни во Скопје

    22/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а неочекувана соработка – Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“.

    „Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости.

    Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот албум на Пајак, а како автори се јавуваат Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, додека видеото се снимаше на локација близу Скопје, во режија на Гордан Божиновски.

    „После нашиот концерт, Пајак вади нов албум, а тој, Елвир и јас имаме задничка песна, „Делириум“. Но, бидејќи нашиот концерт е наскоро, на 06.06, заедно решивме да ги изненадиме сите и да ја пуштиме песната сега. Од луѓето што ја слушнаа веќе имаме коментари дека е „заразна“ и дека веднаш влегува во уво, па се надевам дека кога ќе излеземе сите тројца на бина, и публиката ќе пее со нас“, вели Јован.

    За потсетување, на концертот кој ќе се одржи на 6 јуни, публиката, покрај добро познатите хитови, ќе има можност премиерно да ја слушне и новата песна и да ги види заедно во живо тројцата музичари.

    Освен Пајак, како гости се најавени и Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа, Слаѓа Делибашиќ и Џус, и специјален гостин – долгогодишен соработник на Јован и Елвир.

    Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу емоции, хитови и сценска продукција каква што ретко се гледа на домашната сцена.

    За концертот е најавен и посебен дрес-код „Аll white“, односно сите посетители се повикуваат да бидат облечени во бело, со што и арената ќе добие уникатен визуелен изглед.

    Поврзани вести

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Пет модни трендови за постудените денови: Стилист на славните открива што ќе носиме – а што ќе исфрлиме од употреба

    21/10/2026

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Во тек се големи апсења во Нови Сад и Краљево за наводни планирања на немири на денот на изборите во Србија

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    САД ги нападнаа позициите на терористите на Исламска држава во Нигерија

    Работилница за јавниот долг, пратеници и Светска банка разговараа за предизвиците

    Уапсен 46-годишник од Штип кој прво лажно се претставил како полицаец, потоа одзел возило предизвикал незгода и нападнал полицаец

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.