Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага
    Македонија

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции.

    При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана.

    Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство.

    Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка.

    Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.

    Поврзани вести

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Доделена Нобеловата награда за литература

    Приоритетите на Реформската агенда на работна средба во Владата

    Зоран Ристоски избран за директор на МРТ, во трка биле шест кандидати

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.