Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД
    Политика

    Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

    21/03/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Николоски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде имаше обраќање заедно со еврокомесарот за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите држави во светот, каде во фокусот на средбите беше мобилноста и транспортот.

    „Taму бев поканет на годишната конференција на Светска банка каде што имав обраќање заедно со комесарот за транспорт на ЕУ. Имаше претставници од цел свет. Бев дел од министерски состанок со најголемите држави во светот, во делот на мобилност и транспорт, и уште бројни состаноци во рамки на Светска Банка. Покрај економските теми, посетата на Вашингтон ја искористив и за низа политички средби во Стејт Департментот и Советот за безбедност. Имав состаноци и во Стејт Департментот, каде се видов со помошникот државен секретар за Европа на САД, како и други бројни средби во рамки на Советот за безбедност. Така што тоа беше една сериозна комбинација на економски и политички средби“, додаде Николоски.

    „За прв пат на политички состанок, на високо ниво, не е тема број еден Европската Унија, што мислам дека е резултат на односите кои што во моментов постојат и не е никако поврзано со Македонија, туку со нивните меѓусебни односи. А тема беше билатералната соработка, каде што оваа Влада е пофалена, за поддршката која што ја дава. Имаше одредени гласања во ООН, каде што Македонија беше една од ретките држави која што ги поддржа САД. Така што САД се наш стратешки партнер број еден, ние имаме со нив договор за стратешко партнерство и мислам дека тоа треба да е приоритет во надворешната политика, како што скоро потпишавме таков договор и со Обединетото Кралство. Така што тоа се центрите надвор од Брисел, кон кои што ние го вртиме нашиот поглед“, заклучи вицепремиерот Николоски.

    Тој за изградбата на Коридорот 10 рече дека ова е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа.

    „Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори. Главната опасност е Македонија од држава во која што се сечат два Паневропски коридорида, да остане слепо црево. Во моментов Коридорот 10 во Европа е економски најисплатлив и на него има најмногу бизнис. Точно е дека Коридорот 4 е конкуренција, но сѐ уште Коридорот 10 има предност доколку се заврши целосно до 2031-32 година како што е планот. Зошто го велам ова? Пред некое време имаше протест на превозниците, се затворија границите. Едни од најпогодените држави беа Бугарија и Грција, а исто така многу погодена беше и Хрватска. Превозниците почнаа да транзитираат по Коридорот 4 и сфатија дека многу им е поскап превозот, затоа што патот е подолг за повеќе од 600 км, споредено со Коридорот 10. Но, ако не се изгради Коридорот 10 целосно, ќе возат и 600 км плус затоа што ќе немаат избор. Ние мора да го искористиме моментот и таа предност која што ја имаме како локација, рече Николоски во гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77.

    Николоски зборуваше и за предноста која што Македонија во моментов ја има во однос на соседите, во изградбата и развивањето на Коридорот 8.

    „Ја завршивме првата фаза од пругата кон Бугарија. Делницата Куманово – Бељаковце е во функција од минатиот јануари. Бељаковце – Крива Паланка се работи веќе со добра динамика. Работиме со Европската инвестициска банка на објавување на повикот за изградба на третата делница. Веќе повикот за надзор очекувам следната недела да е објавен, а во следните две до три недели и повикот за градба, и веќе од доцна лето, рана есен да видиме активности на терен“, рече Николоски.

    Вицепремиерот за прв пат откри конкретни чекори за развој и на западното крило од железничкиот Коридорот 8, проекти кои ќе бидат од огромно значење за развојот на економијата и бизнисот во западниот дел од државата.

    „Во однос на западното крило на Коридорот 8, на 22 април ќе имаме состанок со ЕУ кои што доаѓаат во Скопје, затоа што овој дел го ставивме во проектите од делот за раст. Првата фаза е целосна рехабилитација на правецот Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево, а втората фаза е изградба на железница која што ќе оди Кичево-Охрид-Струга-граница со Албанија“, истакна заменик претседателот на Владата.

     

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Три хороскопски знаци излегуваат од сите долгови до 5 ноември

    Премиера на филмот „Соучесници“ во Скопје

    Синер со мака до 1/8 финалето на Австралија Опен

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.