Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Стомачни мускули цврсти како челик, дури и во шестата деценија: Хју Џекмен ги воодушеви жените

    12/11/2026

    Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници

    12/11/2026

    (Фото) Сè помалку личи на себе: Кардашијан шокира со својот изглед; следбениците ја молат да престане

    12/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ТАВ: За четири месеци бројот на патници пораснал за 32,4 отсто
    Македонија

    ТАВ: За четири месеци бројот на патници пораснал за 32,4 отсто

    11/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници, соопштија денеска оттаму.

    Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужиле вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7 отсто.

    „ТАВ Македонија продолжува да бележи рекордно двоцифрено зголемување на патничкиот сообраќај. Во првите четири месеци од оваа година опслуживме вкупно 1,2 милиони патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, што е висок пораст од рекордни 32,4% и ќе нè рангира меѓу најбрзо растечките аеродроми во Европа и во светот. Меѓународниот Совет на Аеродроми-Европа (Airports Council International-Europe) веќе нè рангираше меѓу најбрзо растечките аеродроми како земја која не е членка на ЕУ врз основа на јануарските бројки за авиосообраќај. Оваа година отворивме 5 нови дестинации, додека во наредниот период ќе отвориме дополнителни 7 нови дестинации, од двата аеродрома, со што годинава ќе имаме вкупно 12 нови дестинации. Со ова, очекуваме порастот на патници да продолжи до крајот на годината, создавајќи силна основа за стабилен пораст во наредните години“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Како што нагласи тој, покрај проширувањето на мрежата на авиолинии и порастот на воздушниот сообраќај, ТАВ Македонија ќе остане фокусирана на подобрување на квалитетот на услугите на аеродромот, обезбедувајќи одлично искуство за клиентите – и за авиокомпаниите и за патниците.

    По отворањето на новите авиолинии до Будимпешта и Неапол од скопскиот аеродром, во јуни и јули ќе почнат летови до Трабзон (чартер), Самсун (чартер), како и до Палермо и до Алгеро. Од охридскиот аеродром, со летниот распоред на летање, 8 авиокомпании летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови.

    По отпочнувањето на новите летови од Охрид до Братислава, Милано и Штутгарт, во јуни ќе се отворат и новите линии до Вроцлав и Катовице, а од 21 јуни, Аустриан ерлајнс има најавено дека ќе почне да лета од Охрид до Виена.

    Поврзани вести

    Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници

    12/11/2026

    Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Стомачни мускули цврсти како челик, дури и во шестата деценија: Хју Џекмен ги воодушеви жените

    12/11/2026

    Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници

    12/11/2026

    (Фото) Сè помалку личи на себе: Кардашијан шокира со својот изглед; следбениците ја молат да престане

    12/11/2026

    Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски

    11/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Премиера на кратките филмови создадени во „Филмска училница“

    Слот: Уште еден меч каде што постигнавме помалку голови отколку што можевме

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.