Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава
    Македонија

    Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава

    05/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Почитувани сограѓани Македонци, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод Денот на македонскиот јазик. Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава. Покрај тоа што овозможува комуникација, македонскиот јазик е и средство за институционално функционирање и службена комуникација во нашата земја“, се вели во честитката од Гаши.

    Како посебен јазик во групата на јужнословенските јазици, се додава, македонскиот јазик успеа да биде развиен јазик на книжевноста, образованието, науката и културата. Покрај тоа, како дел од Балканскиот јазичен сојуз, македонскиот јазик, заедно со албанскиот и другите јазици, создадоа уникатни особености што придонесоа за оформување и на нова лингвистичка дисциплина, каква што е балканистиката.

    „Во едно мултиетничко општество како нашето, почитувањето на јазиците и културите на сите заедници е темел на кохезијата и соживотот. Промоцијата на македонскиот јазик оди паралелно со нашата посветеност да ги гарантираме јазичните права на секој граѓанин, градејќи мостови на разбирање и меѓусебна почит“, вели Гаши во честитката.

    Нагласува дека Собранието останува посветено на унапредување на институционалните стандарди и спроведување практики што гарантираат јасна, ефикасна и одговорна комуникација.

    „Да продолжиме заедно да работиме на зачувување, збогатување и промовирање на македонскиот јазик, како и на зајакнување на единството и хармонијата во нашата земја“, потеницира претседателот на Собранието Африм Гаши во честитката по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Патувачкото кино на „МакеДокс“ повторно тргнува на пат низ Македонија

    ЕУ ќе замрзне 210 милијарди евра руски средства на неодредено време

    Од ноќеска почнува изборната кампања за локалните избори

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.