Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ФОП: Без доказ за втор циклус, избрана за редовен професор на Универзитетот во Тетово
    Македонија

    ФОП: Без доказ за втор циклус, избрана за редовен професор на Универзитетот во Тетово

    30/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Форумот за образовни промени (ФОП) реагираше на, како што наведуваат, незаконито унапредување на Арбреша Беџети Ферати во академско звање на Медицинскиот факултет, која е и сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово.

    „Случајот што денес го пријавуваме јасно покажува како постојаното мобилизирање на синџирот; на роднини по крв и оние по интерес, надвладеа над Законот, Статутот и секое друго пишано правило. Овој случај е показател дека процесот на унапредувањата повеќе нема никаква врска со тоа колку знаеш, туку кого познаваш“, стои во соопштението.

    Како што велат од ФОП, Арбреша Беџети Ферати била унапредена прекршувајќи повеќе од 15 законски и статутарни одреби, што го покажува и извештајот од Државниот просветен инспекторат. Од ФОП наведуваат и дека голем број органи во рамките на Универзитетот во Тетово биле вклучени во противзаконското унапредување.

    „Ова го овозможиле неколку органи, меѓу кои и Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, Сенатот на Универзитетот во Тетово и Рецензентската комисија“, се вели во соопштението.

    Од Форумот посочуваат, дека Сенатот уште во 2022 година, го признал звањето „вонреден професор“, кое Ферати го стекнала во Белград,  без да провери дали таа ги исполнува задолжителните законски услови.

    Во 2025 година пак, деканот на Медицинскиот факултет, Невзат Елези, без законска надлежност, објавува конкурс за избор во академското звање „редовен професор”, каде се барале кандидати за 3 научни области, наместо за 1 како што предвидува законот. На конкурсот аплицирала само Арбеша Беџети Ферати, информираат од ФОП.

    Исто така, од ФОП посочуваат дека рецензентската комисија не била составена согласно законските услови, бидејќи ниту еден од тројцата членови не бил од соодветната област, од социјална медицина, додека еден од нив бил од областа на биологија, која, како што наведуваат, не припаѓа во општа медицина.

    „Сагата на законските прекршувања продолжува со формирањето на Рецензентската комисија во состав: Невзат Елези, Жаклина Цековска и Нехбедин Беадини, кои требале да гласаат за или против унапредувањето на Арбреша Беџети Ферати. Додека законот бара релевантно мнозинство, односно 2 од 3 членови на Рецензентската комисија да бидат од областа за која се избира кандидатот, ниту еден од нив не припаѓал во областа на социјалната медицина и областа именувана како „друго”, додека еден од 3-те членови бил од областа на биологијата, што воопшто не припаѓа во општа медицина“, се вели во соопштението.

    Дополнителни неправилности, според ФОП, се утврдени и во рефератот на комисијата. Како доказ за претходен избор на кандидатката бил наведен билтен, но при проверка на документот било констатирано дека во него се наоѓа името на нејзиниот сопруг, Кенан Ферати, актуелен претседател на Сенатот на Универзитетот во Тетово.

    За ФОП, најзагрижувачки е тоа што Ферати не приложила докази за завршен втор циклус на студии, а во рефератот недостасувале и информации за усогласеноста на нејзиниот докторат со областа за која конкурирала.

    И покрај тоа што, како што тврдат, комисијата не утврдила исполнување на условите во ниту една од трите области опфатени со конкурсот, сепак предложила кандидатката да биде избрана за редовен професор.

    Наставно-научниот совет на 8 април 2026 година донел одлука за избор на Арбеша Беџети Ферати во звање редовен професор, иако, како што посочуваат од ФОП, истиот ден била започната инспекциска постапка која траела седум дена.

    Од ФОП го повикуваат актуелниот ректор на Универзитетот во Тетово, Јусуф Зејнели, да соработува со инспекциските органи, наведувајќи дека, според нивни информации, тој одбил да го потпише записникот од извршената инспекција.

    „Дополнително, Зејнели мора да сноси одговорност за тоа што целиот овој синџир на законски прекршувања се случил токму во времето кога тој раководи со универзитетот“, стои во соопштението.

    Исто така, од ФОП бараат Јавното обвинителство да покрене истражна постапка, бидејќи како што наведуваат, станува збор за „добро организирана шема“.

    Тие бараат итно поништување на изборот на Ферати во звање, како и Државниот просветен инспекторат да утврди дали таа воопшто ги исполнува условите за избор, најпрво во звањето вонреден професор. Воедно, бараат нејзиниот сопруг, Кенан Ферати, да биде разрешен од функцијата до завршување на случајот.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Објавен конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор

    Пациент од Куманово е деветтата жртва на западнонилската треска

    Почина членката на Националната гарда која беше застрелана од авганистански имигрант во близина на Белата куќа

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.