Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Искусете ја магијата на Преспа преку несекојдневни и автентични доживувања – програма за одржлив туризам и културна креативност
    Култура

    Искусете ја магијата на Преспа преку несекојдневни и автентични доживувања – програма за одржлив туризам и културна креативност

    30/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Здружението Икуалити, во партнерство со Здружението „Иднина на традицијата“ од Ресен, го најавува 12-месечниот проект „Магијата на Преспа“ – прва интегрирана програма во регионот која обединува одржлив туризам, културно-уметничко изразување и социјална инклузија, со цел развој на нови туристички содржини, негување на природните и културните вредности на Преспа, подобрување на животниот стандард на локалното население и привлекување нови туристи, промовирајќи го Преспанскиот регион како препознатлива и автентична дестинација што ги поврзува природата, културата и луѓето.

    Проектот има за цел промоција на Преспа како простор на традиција, креативност, активен живот и еднакви можности и вклучува две работилници посветени на културното наследство на Преспанскиот регион и изработка на рачни творби со примена на техниката „бакрорез“. Дополнително, ќе се реализираат и две арт-терапевтски работилници, кои преку различни уметнички техники и инспирација од природните ресурси ќе придонесат за ментална благосостојба и креативен развој.

    Покрај тоа ќе бидат организирани и тридневен retreat настан насочен кон унапредување на менталното и физичкото здравје, преку активности за личен развој, зајакнување на социјалните врски и градење самодоверба, како и две велосипедски тури „Преспански авантури“, реализирани со стандардни и адаптирани handbike велосипеди, со посебен акцент на еднаков пристап до рекреативни и туристички содржини.

    Во рамки на проектните активности, веќе е отворен повикот за учество на првата работилница за бакрорез, која ќе се одржи на 16 мај 2026 година во Ресен, како и на првата арт-терапевтска работилница, предвидена за 4 јули 2026 година во Ресен. Повиците и дополнителни информации околу проектот се достапни на: Магијата на Преспа – повици за учество

    Проектот е дел од програмата #EuforPrespa, поддржана од Delegation of the European Union to North Macedonia, a реализирана од УНДП во партнерство со другите вклучени страни.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Гидсел го израмни рекордот на Лазаров од 2012 година!

    Цената на дизелот се зголеми за шест, а на бензините за три денари

    „Плачев секоја вечер“: актерката откри како се справила со постпородилната депресија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.