Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Пратениците денеска ќе расправаат за укинување на техничката влада и за едно државјанство за пратениците
    Македонија

    Пратениците денеска ќе расправаат за укинување на техничката влада и за едно државјанство за пратениците

    29/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски во образложението пред пратениците потенцираше дека преодната, односно техничката влада за спроведување на избори на пратеници во Собранието, воспоставена како законски модел односно привремено решение во услови на изразена политичка и институционална криза, имаше за цел обезбедување консензус за организирање и спроведување на изборни процеси. Ваквиот модел, како што рече, произлезе од политичките договори постигнати во 2015 година и првпат беше применет при подготовката и одржувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и во наредните изборни циклуси.

    Заменик-министерот појасни дека предложеното законско решение со одложната примена, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.

    „Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој предлог закон се воспоставува јасна  и применлива  правна рамка која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото. Со предложеното законско решение се воспоставува стабилна и предвидлива правна рамка со која се уредува, се воспоставува стабилна и реална, односно техничка влада до денот на објавувањето на конечните резултати и распределба на мандатите по изборни единици од Државната изборна комисија за првите по ред избори за пратеници во Собранието на Р. Македонија спроведени по денот на влегување во сила на овој закон, по што се создаваат услови за негово укинување“, нагласи Јаќимоски.

    На овој начин, како што посочи, се обезбедува спроведување на фер, слободни транспарентни избори преку институциите основани во согласност со Уставот и законите, се зајакнува институционалната стабилност и се овозможува целосна реализација на демократскиот легитимитет на Владата како носител на извршната власт. Тој потенцира дека во јавен интерес на граѓаните и државата се предвидува рационално, одговорно и транспарентно користење на јавните финансии.

    Со ова законско решение се врши и усогласување со законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа од 2024 година, од терминолошки карактер во однос на усогласувањата на називите на министерствата во рамки на моделот на преодната влада.

    Пратениците на денешната седница ќе дискутираат и за предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, предлог на законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, сите по скратена постапка.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Повеќе од 200 српски државјани се евакуирани од Дубаи, денес авионот слета во Белград

    Историјат: Таа проклета 90+6.минута! (ВИДЕО)

    Нов протест против загадениот воздух: Усје доби жолт картон од граѓаните

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.