Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: На следните избори останува техничката влада
    Политика

    Мицкоски: На следните избори останува техничката влада

    23/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Измените во Законот за влада велат дека на следните парламентарни избори останува да важи техничката влада, а тоа подразбира дека како што беше за изборите во 2024-тата, на изборите во 2020-тата, на изборите во 2016-тата така и сега на следните избори парламентарни останува техничката влада. Јас 100 дена пред одржување на изборите како политички претседател на Владата давам оставка, доаѓа технички премиер, го бира Парламентот, опозицијата СДСМ учествува со свои кадри во рамките на владините тела, министерства, заменици министри итн. Мора јавноста ова да го знае, ова е факт дека на следните избори ние ќе имаме техничка влада“, рече Мицкоски во интервју во Тема на денот на ТВ Сител.

    Законот вели, додаде тој, дека од тие избори потоа, нема да важи, а тоа значи дека тие коишто ќе ја предводат владата после победата на следните избори веќе ќе немаат техничка влада.

    Мицкоски исто така додаде дека ако СДСМ е толку силна и екипирана и дека ќе победи на следните избори како што тврди Филипче,  во тој случај на следните избори СДСМ би формирала влада, а ВМРО-ДПМНЕ би била опозиција на изборите потоа, па затоа не се разбирливи аргументите на СДСМ со кои се спротивставуваат на ова решение.

    „И сега ако ние веруваме дека сме зрела демократија и зрело демократско општество, ако ние веруваме дека навистина техничката влада си го одработила своето и застануваме позади овој концепт, притоа ризикувајќи дека вака како што вели тој, мобилизирана, екипирана СДСМ, секојдневно и се приклучуваат интелектуалци, професори итн., победува на следните избори, тоа значи дека на тие избори после следните ние ќе бидеме опозиција, а тие ќе бидат влада. Така што јас навистина не можам овие аргументи, овие тези би рекол без никаква логика, да ги разберам “, истакна Мицкоски.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Центарот за македонски јазик од Лерин апелира за финансиска поддршка за две судења во Врховниот суд на Грција

    Иранец уапсен во Црна Гора, со хакерски напади направил милијарди долари штета на САД

    Американските сенатори го поддржаа Трамп, за воената акција во Иран нема да треба одобрение од Конгресот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.