Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»(Видео) Филмската адаптација на „Странецот“, класик во француската литература, во кината од 23 април
    Култура

    (Видео) Филмската адаптација на „Странецот“, класик во француската литература, во кината од 23 април

    22/04/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Филмот „Странецот“ од францускиот режисер Франсоа Озон, адаптација на познатиот роман од Албер Ками, ќе се прикажува во кината од 23 април, објави дистрибутерот МЦФ МКД.

    Озон призна дека било огромен предизвик да се адаптира познатото дело на Ками од 1942 година и брзо сфатил дека тоа е начин да се поврзе со заборавен дел од личната историја.

    „Мојот дедо по мајчина линија беше истражен судија во Алжир и преживеа атентат во 1956 година, што го забрза враќањето на моето семејство во Франција“, откри Озон.

    Работејќи низ документи, архиви и разговарајќи со историчари, Озон сфатил „колку француски семејства имаат врски со Алжир и дека честопати постои тешка тага што ги придружува тие приказни“.

    Дејствието на филмот се одвива во 1938 година во Алжир, каде што официјалниот Мерсо присуствува на погребот на неговата мајка, без да покаже ни трошка емоција, а веќе следниот ден започнува лежерна романса со Марија, објави Мегаком Филм.

    „Знаев дека книгата длабоко ме погоди, особено апсурдот на животот што Ками го опишува без да падне во очај. Таа книга, а се надевам и овој филм, покренува прашања, што е и целта“, рече режисерот.

    Во адаптацијата на Озон глумат Бенџамин Воасен, Ребека Мардер, Пјер Лотин, Дени Лаван и други.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Роналдо постигна гол, а потоа прослави на спектакуларен начин (ВИДЕО)

    Поранешниот директор на БИА, Вулин, летал за Москва, авионот вратен во Белград бидејќи ја избегнал безбедносната контрола

    Раул се присети на деновите во Вардар и голот на Чупиќ: Не можете ни да замислите, кога влезе..

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.