Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Премиерот Мицкоски замина за Северна Рајна-Вестфалија

    01/11/2026

    Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви, судските постапки пред разрешница

    01/11/2026

    Почина Мишо Ковач, легендарниот пејач кој продаде над 20 милиони плочи

    31/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Славески и Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ и Светска банка
    Македонија

    Славески и Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ и Светска банка

    19/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон.

    Разговорите се одвиваа во контекст на засилена глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките тензии на Блискиот Исток и значаен фокус на самата средба беше ставен на ефектите врз светските енергетски текови, инфлациските притисоци и потенцијалните ефекти врз економските изгледи. Двете страни разменија мислења за потребата од внимателно следење на ризиците и навремена подготвеност на креаторите на политики за адекватен одговор во случај на нивно прелевање врз домашната економија.

    Посебен акцент беше ставен на можноста од појава на индиректни, односно второстепени ефекти врз инфлацијата, при што беше нагласено дека Народната банка будно ја следи состојбата и е подготвена, доколку е потребно, да реагира со расположливите монетарни инструменти со цел зачувување на ценовната стабилност.

    Гувернерот Славески ја истакна определбата на Народната банка за водење претпазлива, конзистентна и кредибилна монетарна политика, која е насочена кон одржување на стабилноста на цените и заштита на финансиската стабилност во услови на засилена глобална волатилност и неизвесност.

    Во разговорите беше нагласено и значењето на независноста на централните банки, вклучително и нивната оперативна и финансиска независност, како клучен предуслов за ефективно и навремено спроведување на монетарната политика и за одржување на довербата во институциите. Во овој контекст беше истакнато дека стабилните институционални рамки се особено важни во периоди на зголемени надворешни шокови и брзи промени во глобалното окружување.

    „Владата и Министерството за финансии остануваат цврсто на определбата за постепена фискална консолидација и истовремена поддршка на економскиот раст преку обезбеден висок износ на капитални расходи во Буџетот. Клучен приоритет е задржување на стабилноста во јавните финансии, а имајќи ги предвид особено случувањата на меѓународен план и предизвиците кои што произлегуваат особено за мали и отворени економии како нашата“, рече министерката.
    Таа посочи дека покрај напорите за фискална консолидација особено се работи на мерки за одржување и засилување на економската активност којашто имаше позитивен тренд во втората половина од 2024 и во текот на 2025 година и стапки на раст околу и над 3%.

    Од страна на соговорниците беше реафирмирана важноста на континуираната соработка меѓу Народната банка и ММФ, како и поддршката на Фондот во насока на натамошно унапредување на аналитичките и институционалните капацитети.

    Средбата, како што беше оценето, претставува потврда на заедничката заложба за одржување на макроекономската стабилност и зајакнување на отпорноста на економиите во услови на зголемени глобални ризици, при што централните банки остануваат клучен столб на стабилноста.

    Поврзани вести

    Премиерот Мицкоски замина за Северна Рајна-Вестфалија

    01/11/2026

    Филипче побара оставка од Славески и истрага за преземањето на Стопанска банка Битола

    31/10/2026

    СДСМ побара кривични постапки против премиерот Мицкоски и гувернерот Славески за Алта банка

    31/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Премиерот Мицкоски замина за Северна Рајна-Вестфалија

    01/11/2026

    Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви, судските постапки пред разрешница

    01/11/2026

    Почина Мишо Ковач, легендарниот пејач кој продаде над 20 милиони плочи

    31/10/2026

    Српското обвинителство за организиран криминал ги истражува трансферите на пари од Алта банка

    31/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Филипче најави кадровски промени во СДСМ, потпретседателката Чупеска прва поднесе оставка

    Тухел удри по навивачите: Какви навивачи се тоа кога половина час ги слушавме само Велшаните!?

    (Видео) Познатиот комичар има десет деца со пет жени: „Секогаш сум се сакал себеси“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.