Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор
    Политика

    Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор

    20/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во одговор на новинарско прашање Сиљановска-Давкова денеска посочи дека со Радев како поранешен претседател не се согласувале за многу работи но оти умеат да се сослушаат со почит и да заклучат дека бараат решение. Наведе и дека „кога луѓето ќе дојдат на власт и можат да ги управуваат работите умеат понекогаш да посегнат и по подобри решенија“.

    -„ас го очекував овој резултат. На сите во Бугарија им беше познат високиот рејтинг на довчерашниот претседател на Бугарија, Румен Радев, и некако само тој беше стабилен елемент во поделбата на власта, сè друго беше варијабила и релативно. Мислам дека бугарските граѓани се изморени од нестабилни влади, кои постојано се менуваат, и веројатно затоа му ја дадоа довербата на новоформираната партија на господинот Радев. Мнозинството е такво што може сам да формира влада, но веројатно, заради потребата од двотретинско мнозинство, ќе коалицира со партиите кои ги посочи како можни коалициски партнери“, рече Сиљановска-Давкова,  посочувајќи дека  „друштвото околу Радев, со исклучок на  првиот коалициски партнер, е главно десно ориентирано“.

    Претседателката оцени дека честите промени на владите во Бугарија во изминатиот период за нас како држава беа отежнувачка околност иако, истакна, сите премиери се повикуваа на изгласаните документи во бугарскиот Парламент.

    „Резултатот е очекуван. Зошто?  За да видиме треба дали ќе опстои после многу падови, подолго една бугарска влада и претходниот период беше како во Третата и Четвртата Француска Република, кога на неколку месеци се менуваа владите. Тоа беше отежнувачка околност во поглед на градењето односи со нас, иако сите знаеме дека сите премиери секогаш се повикувале на одлуките, декларациите и резолуциите на бугарскиот Парламент кога е во прашање политиката кон нас. Што можам јас да кажам — сум го запознала господинот Радев, многу пати сум го сретнала, не се согласуваме за многу работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека бараме решение“, рече Сиљановска-Давкова.

    Сега, посочи, тој е таму. Ефективната власт во Бугарија е лоцирана кај владата, кај бившиот претседател односно идниот премиер, кому сигурно ќе му биде доделен најпрвин мандат за состав на влада. Тоа остава простор за разговори.

    „Она што е ново е драматичната состојба во светот, во амбиент на  драматично сменет меѓународен поредок безбедноста добива на тежина, важноста, говорам за важоста на ЕУ, говорам за опасноста и потребата од градење отпорност кон можни фактори и актери на Бaлканот. Да потсетам, Балканот секогаш бил зона за тестирање на односите на големите сили, лакмус, тоа сигурно ќе биде и сега и јас очекувам третирање на проширувањето не само низ призма на поголема ЕУ, компетитивна на глобалната политичка сцена туку и поголема безбедност. Ние имаме 100 проценти усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ и повеќе држави на Балканот – Црна Гора и Албанија, како први во овој процес и очекувам да се видиме, да разговараме, се разбира со двете знамиња, и да трагаме по ново решение“, рече Сиљановска-Давкова.

    Бугарија, оцени таа, добива премиер кој ужива голема поддршка, кој има долго искуство и почит на голем број граѓани и се надевам првин дека тоа ќе го искористи во најдобра можна мерка за надминување на проблемите со кои се соочува Бугарија кои се таложеа низ честите промени на владите.

    „Тоа од една страна го прави многу силен, но од друга кога луѓето ќе дојдат на власт и можат да ги управуваат работите умеат понекогаш да посегнат и по подобри решенија“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова,  во изјава по спорстки настан како дел од заложбите за развој и примена на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат

    (Видео) Пет закони во Дубаи кои можат скапо да ве чинат

    Намалена акцизата за дизелот и бензинот, Владата со нови антикризни мерки

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.