Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    11/09/2026

    Тие ќе ви ја исцрпат целата енергија: кои луѓе треба да ги избегнува секој хороскопски знак

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Нов бран случаи на семејно насилство, во еден ден приведени шест лица од повеќе градови низ земјата
    Македонија

    Нов бран случаи на семејно насилство, во еден ден приведени шест лица од повеќе градови низ земјата

    13/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во изминатото деноноќие, полицијата регистрирала повеќе случаи на семејно и родово базирано насилство во Скопје, Куманово, Кичево, Охридско и Богданци, при што биле лишени од слобода неколку лица осомничени за физички напади, закани и малтретирање на сопруги, партнери и членови на семејството.

    Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 април 2026 година во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ѓ. (41) од Скопје. Тој се сомничи дека еден ден претходно, на 11 април, во семејниот дом физички ја нападнал својата 43-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Уште еден случај на семејно насилство бил регистриран на 13 април 2026 година во 00:40 часот во скопско, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д. (45) од Скопје. Според пријавата, тој на 12 април во домот физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Во обид да му ги одземат острите предмети, неговата ќерка и син се здобиле со расекотини. И за овој случај, по неговото целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 13 април во 04:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К. (40) од Хрватска, поради сомнение дека во дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал својата партнерка О.К. (37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и оштетил дел од покуќнината. Подоцна, во 09:00 часот истиот ден, Н.К. пријавил дека и тој бил физички нападнат од неговата партнерка, која, според неговата пријава, се обидела да го нападне со остар предмет. Полицијата работи на расчистување на сите околности на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

    Случај на семејно малтретирање бил пријавен и во Куманово. На 12 април во 16:00 часот, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријавила во СВР Куманово дека 13-годишно дете било психички малтретирано од неговиот татко и било избркано од семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител, а малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

    Во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода С.С. (26) од Кичево, постапувајќи по пријава од 27-годишна жена која навела дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С. и од лицето Ќ.Д. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Во охридско, на 13 април, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С. (33), постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга, со која се наоѓаат во бракоразводна постапка. Според пријавеното, во текот на ноќта меѓу 12 и 13 април, тој насилно ѝ го одзел мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде, според пријавата, повторно ја нападнал и ѝ нанел повреди. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    Уште едно приведување било извршено во Богданци. На 13 април во 01:15 часот, полициски службеници од СВР Струмица, односно ОВР Гевгелија, лишиле од слобода 37-годишен жител на Богданци. Тој бил приведен по претходна пријава дека на 12 април околу 22:00 часот, во семејниот дом, физички ја нападнал својата 26-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Во сите случаи, полицијата најавува понатамошно постапување и поднесување соодветни пријави по целосно расчистување на настаните.

    Поврзани вести

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    10/09/2026

    Евидентирани 58 случаи на западнонилска треска, 8 лица починати

    10/09/2026

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    11/09/2026

    Тие ќе ви ја исцрпат целата енергија: кои луѓе треба да ги избегнува секој хороскопски знак

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори

    10/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Жени, не треба да се обидувате да ги промените овие три работи кај мажот

    Дејвид Милибанд: На Велика Британија ѝ е потребен „национален консензус“ за повторно приклучување кон ЕУ

    Нож и вилушка на европската чинија – гастрономија, музика и култура во Паркот на Франкофонијата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.