Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    И токму кога научија да живеат без неа: 3 знака за кои октомври носи исполнување на голема желба

    02/10/2026

    (Видео) Шерон Стоун: Забременив како тинејџерка поради лошата сексуална едукација

    02/10/2026

    Германскиот министер Вадефул: „Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е клучен тест за Европа“

    01/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Заемот од кинеската Ексим банка за автопатот Кичево-Охрид повеќе не го добиваме, престана
    Македонија

    Мицкоски: Заемот од кинеската Ексим банка за автопатот Кичево-Охрид повеќе не го добиваме, престана

    09/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во однос на динамиката со која се изведуваат градежните активности на автопатите, особено на автопатот Кичево-Охрид, изјави дека сите делници од коридорот 8 продолжуваат непречено со изградба, а моментално се работи на галериите.

    Тој посочи дека државатта се соочила со потешкотии откако кинеската „Ексим“ банка прекинала со исплаќањето на средства, но како што кажа, „сепак успеале брзо да се реорганизираат“.

    „Имавме мала потешкотија, морам да признаам, посебно во делот на обезбедување на средства за довршување на делницата Кичево-Охрид. Затоа што знаете дека заемот којшто го добиваме од кинеската „Ексим“ банка, повеќе не го добиваме, престана“, појасни Мицкоски. 

    Кинеската банка „Ексим“ прекина со финансирањето на автопатот Кичево–Охрид откако, според Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП), претходната влада испратила писмо со кое ја известила банката дека натамошните средства за проектот ќе ги обезбедува државата.

    Од Амбасадата на Народна Република Кина пак, посочија дека со заемите за проектот биле обезбедени околу 529 милиони евра, од кои до февруари 2026 година се исплатени 478 милиони, а преостанатите 51 милион ќе се исплаќаат според договорот. Оттаму додаваат дека, иако македонската страна побарала дополнителни средства поради проширување на обемот на работите, со договорот од 2019 година се обврзала да не бара ново финансирање доколку проектот ја надмине првично договорената сума.

    Изградбата на Охрид-Кичево, како што кажа премиерот, ќе продолжи да се гради со пари од домашните банки и се очекува да биде последното финансирање за автопатот кој се гради веќе 12 години.

    „Формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително, би рекол, поволни услови. И практично тие домашни банки ќе го дозавршат финансирањето и тоа ќе биде последно. И со тоа веќе конечно таа делница ќе биде функционална“, изјави Мицкоски. 

    Тој додаде дека изградбата на делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани напредува откако извештајот бил доставен до заемодавателите, како и на делницата Прилеп–Битола, која е дел од Коридорите 10 и 10-д.

    Мицкоски даваше изјави при посета на општина Сруга, заедно со градоначалникот Менди Ќура.

    Инаку, во февруари годинава беше најавено дека со нови 186 милиони евра и рок до јуни идната година ќе се довршува автопатот Кичево – Охрид. Во март директорот ја ЈПДП, Коце Трајановски потпиша нов, осми по ред, анекс на договорот меѓу ЈПДП и кинески Синохидро, а парите се наменети токму за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии. Овие средства, според денешната најава на примерот, се чини дека треба да се обезбедат во форма на кредити од домашните банки. Автопатот е во должина од 57 километри од кој досега се пуштени 40-ина километри.

    Автопатот се гради повеќе од 12 години, а проектот го започна поранешниот премиер Никола Груевски, кој е сега осуден на казна затвор и ужива азил во Унгарија. Случајот со финансирањето на автопатот преку кредит од кинеската „Ексим“ банка беше еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство, наречен „Траекторија“. Меѓу  обвинетите, покрај Груевски, беа и поранешниот вицепемиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на ЈПДП, Љупчо Георгиевски. Обвинението против нив за овој случај застаре по измените на Кривичниот законик кои ги донесе претходната власт, на чело со Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ). Стануваше збор за обвиненија дека во овој случај државниот буџет е оштетен за 155 милиони евра. Претходно, со години наназад, случајот беше одлоговлекуван низ судските лавиринти.

    Поврзани вести

    ДЗР: Слабости во управувањето, ИТ-безбедноста и заштитата на податоците во „Мој Термин“

    01/10/2026

    Индустриското производство во август со пад од 1,9 отсто, најголемо намалување во рударството

    01/10/2026

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026
    АКТУЕЛНО

    И токму кога научија да живеат без неа: 3 знака за кои октомври носи исполнување на голема желба

    02/10/2026

    (Видео) Шерон Стоун: Забременив како тинејџерка поради лошата сексуална едукација

    02/10/2026

    Германскиот министер Вадефул: „Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е клучен тест за Европа“

    01/10/2026

    ДЗР: Слабости во управувањето, ИТ-безбедноста и заштитата на податоците во „Мој Термин“

    01/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Перез ја крена цела Шпанија на нозе, па Флик го „замолчи“ со една реченица

    Репресивната машинерија на Путин се сврте и кон своите поддржувачи, ги етикетира како терористи и странски агенти

    „Македонска крвава свадба“ – дигитално реставрирана проекција во рамки на „Сезона на филмски класици“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.