Пејачката Марија Шерифовиќ објави приватно видео од Бали, каде што пее со непознати луѓе, покажувајќи дел од својата приватност што ретко ја споделува со јавноста.
Таа веќе неколку пати го посети егзотичниот Бали, каде што, како што истакнува, го пронашла својот мир.
Во овој процес на самооткривање и внатрешно балансирање, ѝ помогнала Вања, жена со која „нурнала“ во своите чувства и мисли.
View this post on Instagram
Марија сега покажа како уживала во друштвото на споменатата личност и другите присутни, а моментот кога го зграпчила микрофонот бил посебен и за неа.
„Не сакам да објавувам приватни снимки. Сепак, ова е посебено. Има моменти што не ѝ припаѓаат на јавноста, туку на душата, но овој момент почувствував дека треба да го споделам. Она што е посебно за мене во овој запис не е песната, туку моментот во кој ја испеав. Тука на Бали, меѓу луѓе што не ги познавав, повторно се случи средба и тоа без најава, средба со себеси“, напиша пејачката.
Потоа откри дека токму тогаш јасно поставила граници за прв пат во својот живот.
„Можеби тогаш јасно почувствував за прв пат дека дошол моментот да си кажам ‘не’. Не на сè што ме оддалечува од мене, не на сè што ги прескокнува моите потреби, моите граници и моето битие. Всушност, ова не е само моја приказна, ова е порака за сите нас. Знаејќи колку е краток животот, важно е да застанеме, да забавиме, да видиме, да се закопаме, да почувствуваме, да набљудуваме, да слушаме и да сакаме. Себеси и сè околу нас“, заклучи Шерифовиќ.
фото/ Инстаграм

