Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Аријанит Хоџа: ДУИ е веќе реформирана партија, нереформираното ДУИ остана во Вреди
    Македонија

    Аријанит Хоџа: ДУИ е веќе реформирана партија, нереформираното ДУИ остана во Вреди

    31/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Редовно се кажува дека политиката е уметност на тоа што не може да се реализира. Но, генерално во општеството политиката е флуидна дејност и нормално дека процесите се одвиваат премногу динамично“, рече Хоџа, потсетувајќи дека уште пред две години предупредил дека со промените во политичките сојузи се нарушуваат дотогашните баланси.

    Тој оцени дека тие нарушени односи биле клучни за неговата одлука да се приклучи на ДУИ, тврдејќи дека партијата поминала низ значајна трансформација.

    „И кога ќе пресметате после две години во Европскиот фронт и гледате дека после конгресот на ДУИ има 80 отсто промена, каде што вака најнескромно кажувам дека е единствена политичка структура што успеала после 22 години да промени 80 проценти од раководството, сосема нови лица и да нема проблеми во функционирањето, тогаш кажува дека да, ДУИ е веќе реформирана партија со нови ликови“, изјави Хоџа.

    Во однос на политичките конкуренти, Хоџа вели – дел од структурите кои порано биле поврзувани со проблеми во ДУИ, сега се дел од други политички блокови.

    „Јас мислам дека моментално ја имаме реформирано ДУИ со нови кадри, со одлична перспектива, со најголема организациона структура на ниво на државата и имате нереформирано ДУИ во Вреди“, рече тој.

    На прашањето за улогата на лидерот Али Ахмети и одговорноста за претходните кадровски решенија и политики, Хоџа рече дека индивидуалната одговорност не може да се генерализира.

    „Мислам дека секој лично ги сноси одговорностите и последиците од политичкото делување“, изјави Хоџа, нагласувајќи притоа дека актуелниот фокус треба да биде на новите кадровски решенија и насоката во која се движи партијата.

    Во делот на односите со поранешни политички ривали, особено Артан Груби, Хоџа призна дека имал конфликти, но нагласи дека институционалната соработка секогаш функционирала.

    „Сум имал комуникација во делот на професионалното работење. Без разлика на препукувањата, кога јас бев министер, а господинот Груби беше заменик-премиер, во ниту еден процес не беше ставено нашето индивидуално толкување за тоа како да се одвиваат работите“, рече Хоџа.

    Според него, иако името на Груби се користи за да се покрие недостатокот на резултати на Вреди во Владата, смета дека не постои договор за неговото враќање.

    Во однос на тоа дали лично нему му било сомнителен фактот што Груби, по неговото доброволно предавање на граничниот премин Блаце, по само неколку часа притворот од затворски му беше преиначен во домашен, Хоџа вели дека иако не е правник, од неговите основни познавања на правото, за Груби нема обвинение, туку предметот е во фаза на истрага и оттаму правењето јавен суд кон кого било е погрешно.

    „Видете, јас не го кажувам ова за да делувам добро или недобро, но на крајот на денот и господинот Груби е татко, сопруг, син во некое семејство. И не беше во ред тоа што се претставува посебно од страна на ВЛЕН, а знам зошто го прават. Го прават бидејќи немаат резултати и сега – ајде да направиме шоу. Јас мислам дека тоа што беше став на ДУИ и став на господинот Ахмети – дека процесот треба да се остави правно, без никакво делување од било кој, да има разрешница“, вели тој.

    Во однос на тоа што Вреди го нарекува Груби „црна кутија“, алудирајќи дека тој знае многу и дека дел од договорот е да каже одредени работи за поранешни функционери од ДУИ и СДСМ пред органите на прогонот, Хоџа вели дека во редовите на ДУИ немаат стравови дека нивниот поранешен сопартиец може да однесе некој од нив во затвор.

    „Апсолутно не и Ви кажувам дека сите тие тези, пуштени спинови се само фабрикувани во штабовите на Вреди за да може да ја замајуваат јавноста со непостоечки теми, бегајќи од реалноста на погрешните политички одлуки што тие ги прават во владата“, рече тој.

    Поврзани вести

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Салата Работнички во Центар добива целосно нов лик

    Младите повторно купуваат ЦД-а, продажбата расте

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.