Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»„Рапсодија“ со шведската виолинистка Ава Бахари и светски познатата Бар Авни
    Култура

    „Рапсодија“ со шведската виолинистка Ава Бахари и светски познатата Бар Авни

    23/03/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел.

    На програмата се Симфониска поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 од Ернест Шосон, Рапсодија за виолина и оркестар од Морис Равел и „Кармен суита“ од Бизе-Шчедрин.

    Диригентката Бар Авни (1989, Израел) е добитничка на Првата награда на натпреварот „Ла Маестра“ во Париз, во 2024 година, награда која ѝ беше доделена од страна на престижно жири предводено од влијателната Натали Штуцман. Маестра Авни ги освои и дополнителните награди, вклучувајќи ги и Наградата на оркестарот, „Арте“, „Ехо“… Ова подразбира дека во наредните две години, таа ќе биде стипендистка на Академијата „Ла Маестра“, а по натпреварот за неа веќе се пројави огромен интерес за нејзината диригентска работа, односно покани да диригира со бројни светски оркестри. Ја опишуваат како диригентка со вешта и креативна програмска концепција и јасен и елегантен стил на диригирање. Во моментов, маестра Авни е главен диригент на Филхармонијата Бајер, позиција на којашто е од 2021 година, како прва жена диригент во 120- годишната историја на оркестарот. Силно е посветена на промоцијата на нови, млади таленти и тесно соработува со тимот во Бајер за развивање возбудливи музички образовни проекти.

    Од нејзиното диригентско деби во 2016 година, маестра Авни соработувала со различни оркестри, вклучувајќи ја Израелската филхармонија, Камерната филхармонија во Бремен, Израелскиот камерен оркестар, Ансамблот „Резонанц“, „Камерата“ од Хамбург. Нејзината флексибилност и љубопитност при креирање програми, како и нејзината разноликост и способност да негува широк спектар на репертоар се импресивни. Една од главните поддржувачи и советници на маестра Авни е славната Барбара Ханиган, а на почетокот на 2024 година, таа дебитираше со оркестарот „ВДР Функхаус“ и Гетеборшката симфонија, како асистентка токму на маестра Ханиган. Инаку, маестра Бар Авни студирала перкусии и настапувала како перкусионистка во нејзината земја, но желбата за диригирање ќе ја однесе во Тел Авив, каде што студирала со Јоав Талми, а подоцна станала негова асистентка на Израелскиот камерен оркестар. Потоа ги продолжила студиите во Грац и во Хамбург, а во 2021 година станала најмладата добитничка на награда и стипендист на Меѓународниот институт „Курт Масур“.

    Опишана од The Strad како „значаен нов талент“, Ава Бахари е високо остварена шведска виолинистка со свеж и посебен пристап кон репертоарот. Добитничка е на бројни награди, меѓу кои први награди на меѓународните натпревари Premio Paganini во Џенова (2021), Concours International Tibor Varga во Сион (2021) и Aurora Music Competition во Стокхолм (2019). Во сезоните 2024/25 и 2025/26, Бахари е резидент-уметник на Гетеборшкиот симфониски оркестар. Таа ја отвори сезоната 24/25 заедно со главниот диригент Санту-Матиас Рували, изведувајќи го Концертот за виолина од Стравински, а во пролетта 2025 година повторно ќе настапи со Рували, изведувајќи го Концертот за виолина од Сибелиус. Во текот на сезоната 24/25, Бахари за првпат соработува со Хелсиншката филхармонија, BBC Шкотскиот симфониски оркестар, Исландскиот симфониски оркестар, BBC Националниот оркестар на Велс, Хелсингборшкиот симфониски оркестар, а го има и своето јапонско концертно деби со Токискиот симфониски оркестар под водство на музичкиот директор Џонатан Нот, со изведба на Концертот за виолина од Шенберг. Како посветен камерен музичар, Бахари настапувала на реномирани фестивали, а во рамки на нејзината двосезонска резиденција со Гетеборшкиот симфониски оркестар, таа соработува со членови на оркестарот за реализација на два камерни концерта. Во пролетта 2024 година, Бахари ја доби дипломата концерт-мастер (Konzertexamen) на Високата школа за музика „Ханс Ајслер“ во Берлин, надополнувајќи ги претходните дипломски и магистерски студии под менторство на професор Колја Блахер. Во 2021 година го завршила своето образование на Академијата „Стауфер“ во Кремона, Италија. Бахари свири на виолина „антонио страдивариус“, изработена во Кремона во 1694 година, која ѝ е позајмена од Фондот ASAF.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Уште пет дена кампања, најавени се кадровски промени во СДСМ

    Се откажуваат летови на аеродромите во САД, блокадата на Владата не попушта

    Гласнер и лут и бесен: Главните луѓе во клубот ме „продадоа“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.