Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Публиката од регионот избра: Филмот „Малдорор“ од Фабрис ди Велц доаѓа и во домашните кина
    Култура

    Публиката од регионот избра: Филмот „Малдорор“ од Фабрис ди Велц доаѓа и во домашните кина

    19/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Филмот „Малдорор“ од Фабрис ди Велц, добитник на наградата на Јадранската мрежа на фестивали, во кината низ целиот регион.

    Филмот  ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград.

    Целта на наградата на Adriatic Audience Award е промоција и поголема видливост на европските филмови, а благодарение на оваа награда, филмот ќе се прикажува од 19 март до 9 април во градовите низ регионот на поранешна Југославија, во Белград, Сараево, Херцег Нови, Љубљана, Загреб, Битола (Кино Манаки 19 и 21 март и Центар за култура 25 и 26 март), Охрид (ФИОФА 27 и 28 март) и Скопје (Кинотека 7, 8 и 9 април и Синеплекс).

    „Малдорор“ е трилер инспириран од вистински настани од Белгија во средината на деведесеттите години. Приказната започнува кога две девојчиња исчезнуваат, а младиот и импулсивен полициски регрут Пол Шартие е распореден во тајна единица наречена „Малдорор“, формирана за да следи опасен сексуален престапник. Кога операцијата не успева, разочаран од ограничувањата на правниот систем, Шартие се впушта во соло потрага решен да ги пронајде и изведе сторителите пред лицето на правда.

    Филмот претставува силен и реалистичен приказ на борбата против длабоко вкоренетото зло, но и на општеството кое потфрла пред најранливите. „Малдорор“ е првиот дел од планираната трилогија на Фабрис ди Велц за темната страна на белгиската историја, моќта и правдата. Филмот ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција.

    Критичарите особено го нагласија интензитетот и атмосферата на филмот. Порталот „Screen Daily“ наведува дека „Малдорор“ наликува на епските приказни за злосторства и казна што ја карактеризираа американската кинематографија во седумдесеттите години, особено филмовите на Сидни Лумет, додека ди Велц ги претвора вистинските настани во сложена и повеќеслојна приказна за полицаец чија потрага по правда доаѓа во конфликт со сите блиски до него. Растечката тензија, моралните дилеми и личните последици го прават овој филм моќен и возбудлив трилер.

    Според порталот Cineuropa, „Малдорор“ е амбициозна и повеќеслојна филмска фреска за Белгија во деведесеттите години – за нејзините институционални дисфункции и колективни трауми, но и за разгранетата природа на злото. Во овој филм, ди Велц се свртува кон полицискиот жанр, носејќи ја публиката во срцето на сицилијанската заедница во Шарлроа во средината на деведесеттите години, во приказна инспирирана од случајот на Марк Дитру.

    Филмот „Малдорор“ освои најмногу гласови од публиката со сумирање на резултатите од сите фестивали-членки на Јадранската мрежа, вклучувајќи го Филмскиот фестивал во Сараево, Филмскиот фестивал во Херцег Нови, Меѓународниот филмски фестивал во Љубљана, Фестивалот на авторски филмови, Филмскиот фестивал во Загреб и Фестивалот „Браќа Манаки“ во Северна Македонија.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Реакција на бугарското МНР по нападот врз Перев во Скопје

    Путин на мировни преговори за Украина со Виткоф и Кушнер, откако Трамп изјави дека договорот е релативно блиску

    (Видео) Ја скрати косата, а потоа го облече најкраткиот фустан: Сидни Свини повторно ги привлече сите погледи

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.